Зимница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска визба со зимница

Зимница е едан од најстарите начини на конзервирање на храна, која овозможува хранливите состојки на сезонските намирници да се зачуваат за употреба надвор од сезоната. Конзервирањето може да се врши со сушење, засладување, скиселување и солење, во зависност дали е во прашање овошје, зеленчук или преработка од месо.

Зимницата обично се чува во подрум, на поткровје, во посебна стопнаска зграда, а некогаш многу било застапено и чување во земја, односно привремено складиште за чување и конзервирање на хранливите намирници.[1] За долг зимски период некогаш од храна најчесто се оставало пченкарно брашно, зеленчук, овошје и извесна количина на месо.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Сушењето на намирниците се користело уште од многу одамна за зимскиот период. Постојат записи уште од Стара Грција, во античките ракописи е опишано како тогаш се сушеле. На пример, смоквата се сушела тако што првин се гмечела, потоа се формирала во леб, а потоа се сушела на сонце. И во денашно време намирниците од градините без голем напор често се сушат на сонце или во близина на печка. Денес обработката на намирниците се почесто се врши во фабриките. Меѓутоа, поголемиот дел на овошјето кое може да се најде во продавниците преработено е со сумпор, а одгледувањето најчесто е непознато. Поради тоа тоа во последно време, благодарејќи на трендот за здрав начин на живот и храна богата со витамини, сè повеќе се користи методот на сушење на овошјето, зеленчукот, печурката, зачинските и лековитите билки без конзерванси, што бара повеќе труд и трпение.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Вера Шарац-Момчиловић 2010, стр. 334.
  2. Вера Шарац-Момчиловић 2010, стр. 338.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]