Прејди на содржината

Ајрин Кара

Од Википедија — слободната енциклопедија
Irene Cara
Ајрин Кара во 1983
Роден(а)Ајрин Кара Ескалера
18 март 1959
Њујорк, САД
Починал(а)ноември 25, 2022(2022-11-25) (возр. 63)
Ларго, Флорида, САД
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
Активен период1965–2011[1][2]
Познат(а) по
  • Спаркл Вилијамс – Спаркл
  • Коко Ернандес – Слава
СопружникКонрад Палсимано (в. 1986; раз. 1991)

Ајрин Кара Ескалера (анг: Irene Cara Escalera; 18 март 1959 [б 1] - 25 ноември 2022) ― американска пејачка и глумица [13] која својата слава ја стекнала со улогата како Коко Ернандес во мјузиклот Слава од 1980 година и по снимањето на насловната песна на филмот „Fame“, која била на прво место на топ-листите во неколку земји.

Во 1983 година, Кара ја напишала и испеала песната „Flashdance... What a Feeling“ (од филмот Флешденс), за која во 1984 година поделила Оскар за најдобра оригинална песна и освоила Греми награда за најдобра женска поп вокална изведба. Пред успехот со Fame, Кара ја играла главната улога на Спаркл Вилијамс во филмот Спаркл од 1976 година.

Живот и кариера

[уреди | уреди извор]

Ајрин Кара Ескалера е родена во Бронкс, Њујорк, како најмало од петте деца[8][12] на нејзините родители. Татко ѝ бил Порториканец а мајка ѝ била Кубанка.[8][12] Уште на петгодишна возраст почнала да зема часови по танцување.[8] Нејзината кариера ја започнала со настапи на телевизија на шпански јазик.[14][15] Уште како дете, Кара снимила плоча на шпански јазик за латиноамериканскиот пазар и божиќен албум на англиски јазик. Таа, исто така, се појавила на голем концерт во чест на Дјук Елингтон, на кој учествувале Стиви Вондер, Семи Дејвис Џуниор и Роберта Флак.[16]

Кара глумела на претстави на и вон Бродвеј, почнувајќи со Меги Флин заедно со Ширли Џонс и Џек Кесиди.[17] Набргу потоа, била една од петте финалистки на натпреварот „Малата Мис Америка“. Глумела и во претставите Виа Галактика,[17] Ain't Misbehavin'[8] и The Me Nobody Knows (која освоила награда Оби). Кара била оригиналната Дејзи Ален во серијата Љубовта на животот од 1970-тите. Подоцна ја глумела улогата на Анџела во романсата/трилерот Арон ја сака Ангела, и насловниот лик во филмот Спаркл.[12]

Слава (1980) и меѓународна популарност

[уреди | уреди извор]

Филмот „Слава“ од 1980 година, во режија на Алан Паркер, од Кара направил ѕвезда. Таа прво требало да биде само танчерка, но откако продуцентите Дејвид Да Силва и Алан Маршал и сценаристот Кристофер Гор го слушнале нејзиниот глас, тие ја пренапишале улогата на Коко Ернандес за неа. Ајрин ги испеала песните „Fame“ и „Out Here on My Own“, кои биле номинирани за Оскар за најдобра оригинална песна.[12] Овие песни му помогнале на саундтракот од филмот да се пробие на врвот на топ листите. Исто така, ова било прв пат две песни од ист филм и испеани од ист пејач да бидат номинирани за Оскар во иста категорија. Кара имала можност да биде една од ретките пејачки кои извеле повеќе од една песна на церемонијата на доделување на Оскар; „Fame“, напишана од Мајкл Гор и Дин Пичфорд, ја освоил наградата за најдобра оригинална песна таа година, а филмот ја освоил наградата Оскар за најдобра оригинална музика.[18] Кара, во 1980 година, била номинирана за Греми награда за најдобар нов изведувач и најдобра женска поп вокална изведба, а била номинирана за Златен глобус за најдобра филмска глумица во мјузикл. Билборд ја прогласил за најдобар нов солист, а магазинот Cashbox ѝ доделил награда и за најперспективен женски вокал и за најдобар женски вокал.

1980–1999: По филмот Слава

[уреди | уреди извор]

Во 1980 година, таа накратко ја играла улогата на Дороти во The Wiz. Во 1983 година, Кара се појавила како себе си во филмот DC Cab.[19]

Во 1982 година, Кара ја добила наградата Имиџ за најдобра глумица за улогата во филмот на NBC, Сестра, сестра.[20] Кара ја глумела Мирли Еверс-Вилијамс во За нас Живите: Приказна за Медгар Еверс,[19] и NAACP ја номинирал за Image Award за најдобра глумица. Таа, исто така, се појавила во Killing 'em Softly во 1982 година.

Во 1983 година, Кара го достигнала врвот на нејзината музичка кариера со насловната песна за филмот Flashdance: „Flashdance... What a Feeling“,[21] која ја напишала заедно со Џорџо Мородер и Кит Форси. Кара подоцна признала дека на почетокот не сакала да работи со Џорџо Мородер бидејќи не сакала да се споредува со Дона Самер, друга пејачка која работела со Мородер.[22] Песната станала хит во неколку земји, носејќи ѝ неколку награди на Кара. Со Мородер и Форси го поделила Оскарот за најдобра оригинална песна во 1983 година,[23] со што станала прва црнка која освоила Оскар во категоријата која не се однесува на глума и најмлада личност која добила Оскар за пишување песни.[24] Во 1984 година, освоила награда Греми за најдобра женска поп вокална изведба,[25] награда Златен глобус за најдобра оригинална песна и на Американските музички награди награда за најдобар R&B женски изведувач и најдобар поп сингл на годината.[ Потребен е цитат ]

Во 1984 година, глумела во трилерот City Heat, заедно со Клинт Иствуд и Берт Рејнолдс, и за филмот ги испеала песните „Embraceable You“ и „Get Happy“. Таа, исто така, ја напишала тематската песна „City Heat“, изведена од џез-вокалот Џо Вилијамс. Во 1985 година, Кара глумела заедно со Тејтум О'Нил во Certain Fury. Во 1986 година, Кара се појавила во филмот Busted Up. Таа, исто така, го позајмила гласот на Снежана во неофицијалното продолжение на „Снежана и седумте џуџиња“ од Дизни, „Happily Ever After (1989).

Ајрин Кара објавила три студиски албуми: Anyone Can See во 1982 година, What a Feelin' во 1983 година,[12] и Carasmatic во 1987 година, од кои најуспешен е What a Feelin'.

Во март 2004 година, Кара добила две почести со прием во Куќата на славата на Ciboney Cafe и награда за животно дело доделена на шестото годишно доделување на Prestige Awards.

Кара била член на Hot Caramel, група која ја основала во 1999 година.[26] Нивниот албум, наречен Irene Cara Presents Hot Caramel, бил објавен на 4 април 2011 година.

Личен живот и смрт

[уреди | уреди извор]

Кара се омажила за каскадерот и филмски режисер Конрад Палмисано на 13 април 1986 година.[27] Тие се развеле во 1991 година.[15] Кара не се премажила и немала деца. Починала од артериосклеротична и хипертензивна срцева болест во нејзиниот дом на 25 ноември 2022 година, на 63-годишна возраст.[12][28]

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Dick Clark Interviews Irene Cara, American Bandstand, 1983. https://www.youtube.com/watch?v=VboHk2lKhK4. 
  2. 2,0 2,1 „Irene Cara:A Show Biz Veteran at Age 22“. Ebony. Johnson Publishing Company. XXXVI (9): 88–94. July 1981. ISSN 0012-9011.
  3. Baugh, Scott L. (2012). „Irene Cara 1959-“. Latino American Cinema: An Encyclopedia of Movies, Stars, Concepts, and Trends. Abc-Clio. ISBN 9780313380365. Посетено на March 6, 2020.
  4. McCann, Bob (2010). Encyclopedia of Hispanic American Actresses in Film and Television. McFarland & Company. стр. 67. ISBN 978-0-7864-3790-0.
  5. Camp, Robert Lee (2008). Your Birthday, Your Card. Sourcebooks. ISBN 9781402212925. Посетено на March 6, 2020.
  6. Stange, Ellen Silver (March 10, 2016). New York State of Fame. Page Publishing Inc. ISBN 978-1-68289-026-4 – преку Google Books.
  7. Hellmann, Paul T. (2009). Historical Gazetteer of the United States. Routledge. ISBN 978-1-135-94859-7. Посетено на October 1, 2017.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Sheff, David (November 10, 1980). „After 16 Years in Showbiz, Irene Cara, 21, Gets Her Diploma in Movies with Fame“. People. Архивирано од изворникот на December 15, 2009. Посетено на June 18, 2016.
  9. Goldsmith, Melissa Ursula Dawn; Fonseca, Anthony J. (December 2018). Hip Hop around the World: An Encyclopedia (2 volumes), edited by Melissa Ursula Dawn Goldsmith, Anthony J. Fonseca. Abc-Clio. ISBN 9780313357596. Посетено на March 6, 2020.
  10. @Irene_Cara. „Many thanks for the birthday wishes. Despite all the incorrect info on Wikipedia ( there is no T anywhere in my name and I'm 59 today) I wish you all to be safe and healthy. God Bless !“ (Tweet) – преку Twitter. Missing or empty |date= (help)
  11. „Irene Cara“. Twitter. March 18, 2020.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 12,6 Traub, Alex; Holpuch, Amanda (November 26, 2022). „Irene Cara, 'Fame' and 'Flashdance' Singer, Dies at 63“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на November 28, 2022.
  13. McCann, Bob (2009). Encyclopedia of African American Actresses in Film and Television. McFarland. стр. 67. ISBN 978-0-7864-5804-2.
  14. Irene Cara singing "Ola Ola Ola" on Ted Mack's "Amateur Hour"
  15. 15,0 15,1 McCann, Bob (December 8, 2009). Encyclopedia of African American Actresses in Film and television. McFarland. стр. 67–69. ISBN 978-0-7864-5804-2. Посетено на November 26, 2022.
  16. „Irene Cara Bio“ (PDF). стр. 2. Архивирано од изворникот (PDF) на 2023-01-31. Посетено на March 30, 2021.
  17. 17,0 17,1 „Irene Cara – Broadway“. Internet Broadway Database. Посетено на November 26, 2022.
  18. „THE 53RD ACADEMY AWARDS“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на November 29, 2022.
  19. 19,0 19,1 Harrington, Richard (January 12, 1984). „What a Feeling! Irene Cara as Her Famous Self“. The Washington Post. Посетено на November 27, 2022.
  20. „Sister, Sister (1982)“. BLACKListed Culture. October 1, 2021. Посетено на November 27, 2022.
  21. Празен навод (help)
  22. „NewsBank InfoWeb“. Infoweb.newsbank.com.
  23. „The 56th Academy Awards | 1984“. Oscars.org | Academy of Motion Picture Arts and Sciences.
  24. Staff | Obituaries (November 29, 2022). „Irene Cara, Oscar-winning singer and actress who sang the feel-good theme songs to Fame and Flashdance – obituary“. The Telegraph. Архивирано од изворникот на November 29, 2022. Посетено на December 12, 2022.
  25. „Grammy Award for Best Female Pop Vocal Performance – Grammys Best Female Pop Vocal Performance“. Awardsandshows.com.
  26. „Ready for an Encore“. People. July 9, 2001. Посетено на February 1, 2021.
  27. „Oscar-winning singer-actress Irene Cara married veteran stuntman Conrad Palmisano“. United Press International. April 14, 1986. Посетено на June 17, 2016.
  28. Tapp, Tom (February 3, 2023). „Irene Cara's Cause Of Death Revealed By Medical Examiner“. Deadline Hollywood. Посетено на February 3, 2023.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Irene Cara at the Internet Broadway Database
  • Irene Cara at the Internet Off-Broadway Database
  • Irene Cara discography at Discogs


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.