Ахурири

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ахурири кај Омарама.

Ахурири (маорски и англиски: Ahuriri) — река во регионите Отаго и Кантербери на Јужниот Остров на Нов Зеланд.

Реката извира од источните пазуви на Јужните Алпи. Тече во должина од 70 км низ најјужниот дел на котлината Макензи пред да невлезе во истоимениот ракав на езерото Бенмор — еден од составните делови на хидросистемот Ваитаки. Оттука се соединува со самата река Ваитаки, која пак се влева во Тихиот Океан.

Горното течение на реката го зазема Природозаштитниот парк Ахурири,[1] и претставува познато подрачје за мушичарење, во кое живеат речната и калифорниската пастрмка.[2][3]

Најблиско населено место е селото Омарама.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Ахурири — населба на градот Нејпиер, наречена по реката
  • Ваитаки — округ во подрачјето на реката

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 44°30′30″ N; 170°03′20″ E / 44.5083° N; 170.0555° E / 44.5083; 170.0555