Арда (притока на Марица)
| Арда | |
|---|---|
![]() | |
| Местоположба | |
| Физички особености | |
| Устие | Марица |
| Должина | 272 км[1] |
| Особености на сливот | |

Арда (бугарски: Арда, грчки: Άρδας, турски: Arda) — река во јужна Бугарија и североисточна Грција. Извира од Ардин врв во Родопите и се влева во реката Марица на грчка територија, во близина на градот Едрене. На реката Арда се наоѓаат вештачките езера „Крџали“, „Студен Кладенец“ и „Ивајловград“. Основни нејзини притоки се Врбица, Крумовица и Црна. Обележје по течението на реката Арда е Ѓаволскиот мост.
Географија
[уреди | уреди извор]Речната долина на реката Арда опфаќа дел од длабоката, тесна долина на реката, која е со надморска височина 154 m и површина 47 660 ха. Опкружена е од планински падини и на места високи до 150 m карпести масиви особено со вулканско потекло. Значителен дел од територијата е зафатена од карпести комплекси, единечни карпи и карпестo лизгање на земјиштето.[2]
Растенија
[уреди | уреди извор]На одделни места падините се покриени со листопадни мешани шуми од цер, благун, влакнест даб со средоземни елементи како црвена смрека и colutea arborescens. Карстниот регион меѓу селата Орешари и Долно Черковиште е речиси целосно од шуми од габер кој е додаден со маклен и јасен. Има исто така и грмушки од драка и јоргован, измешани со helichrysum arenarium. Може да се најдат и поединечни дрвја од бадемолистна круша и ф’стак.[2]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Енциклопедия България, т.1 А-В, Издателство на БАН, София 1978, стр. 116
- 1 2 www.lepidopterology.com - Арда[мртва врска]
Поврзано
[уреди | уреди извор]| „Арда“ на Ризницата ? |
| Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
