Арбер Адеми

Од Википедија — слободната енциклопедија
Арбер Адеми
Пратеник во Собрание на Република Македонија
Министерство за образование и наука на Македонија
Лични податоци
Роден(а) 25 септември 1985(1985-09-25)(38 г.)
Липково, СР Македонија, СФРЈ
Партија ДУИ
Професија Правник
Адеми во 2019 година

Арбер Адеми (25 септември 1985, Липково) - поранешен министер за Министерство за образование и наука на Македонија и пратеник во Собранието.

Живот и образование[уреди | уреди извор]

Адеми е роден во 1985 во селото Опае, Липково, и е доктор по правни науки.

Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во ТиранаАлбанија, со дисертацијата „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања.

Во 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања.