Антарктичка конвергенција

Антарктичка конвергенција или Антарктички поларен фронт — морски појас што го опкружува Антарктикот, со различна сезонска ширина, каде што студените води на Антарктикот што течат кон север се среќаваат со релативно потоплите води на под-нтарктикот. Водите на Антарктикот претежно тонат под потоплите задантарктички води, додека придружните зони на мешање и издигнување создаваат зона со многу висока морска продуктивност, особено за антарктичкиот крил.
Оваа линија, како и арктичкиот дрворед, е природна граница наместо вештачка, како што се границите на нациите и часовните појаси. Тоа не само што одвојува два хидролошки региони, туку и одделува области со карактеристичен морски живот и клима.
Арктикот нема слична граница поради големите копнени тела блиски со севернополарниот регион.
Историја
[уреди | уреди извор]Антарктичка конвергенција првпат ја преминал Антони де ла Роше во 1675 година, и ја опишал Едмонд Халеј во 1700 година
Местоположба
[уреди | уреди извор]Антарктичка конвергенција е зона приближно 32 до 48 километри широка, со различна географска ширина сезонски и во различни должини, која се протега преку Атлантскиот, Тихиот и Индискиот Океан помеѓу 48-та и 61-та паралела на јужната географска ширина. Иако северната граница варира, за целите на Конвенцијата за зачувување на морските живи ресурси на Антарктикот од 1980 година, таа е дефинирана како „50°S, 0°; 50°S, 30°E; 45°S, 30°E; 45°S, 80°E; 55°S, 80°E; 55°S, 150°E; 60°S, 150°E; 60°S, 50°W; 50°S, 50°W; 50°S S, 0°." [1] Иако оваа зона е мобилна, таа обично не отстапува повеќе од половина степен географска ширина од нејзината средна положба. Прецизната местоположба на кое било дадено место и време е видлива со ненадејниот пад на температурата на морската вода од север кон југ од, во просек, 2.8 °C (5.0 °F) од 5.6 °C (42.1 °F) до под 2 °C (36 °F) .
Подантарктичките острови
[уреди | уреди извор]Амстердам (остров) (Франција)
Крозе (Франција)
Диего Рамиреш (Чиле)
Фолкландски Острови (Обединето Кралство)
Естадос (Аргентина)
Острови кои лежат јужно од Конвергенцијата
[уреди | уреди извор]Северно од 60°С географска ширина
[уреди | уреди извор]Буве (Норвешка)
Херд и Макдоналд (Австралија)
Кергелен (Франција)
Јужна Џорџија и Јужни Сендвички Острови (Обединето Кралство)
Балени (Антарктички договор)
Петар I (Антарктички договор)
Скотов Остров (Антарктички договор)
Јужни Оркниски Острови (Антарктички договор)
Јужни Шетландски Острови (Антарктички договор)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Convention on the Conservation of Antarctic Marine Living Resources 1980, Article 1(4).