Алириза Лога
Алириза Лога Aliriza Loga | |
---|---|
Роден(а) | 17 март 1947 Ливада, Струшко, ![]() ![]() |
Починал(а) | 18 декември 2000 Струга, ![]() |
Националност | Македонски Албанец |
Занимање | политичар |
Алириза Лога (албанскиː Aliriza Loga; Ливада, Струшко, 17 март 1947 - Струга, 18 декември 2000) — македонски политичар, поранешен пратеник во Македонското Собрание.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Лога е роден на 17 март 1947 година во струшкото село Ливада. Завршил Природно - математички факултет група Хемија. Од 1973 година до 1981 година работел како професор по Хемија во Гимназијата во Струга. Лога бил еден од првите членови и основач на Партијата за демократски просперитет. Со одвојувањето од Партијата за Демократски просперитет станал член на Партијата за Демократски просперитет на албанците, во која бил и член на Претседателството на Партијата.[2] Од 1991 година до 1996 година бил директор на Основното училиште „Наим Фрашери“ во селото Делогожди. Од 1998 година бил пратеник во Собранието на Македонија и претседател на Комисијата за образование и наука. Починал на 18 декември 2000 година во Струга.[3]