Ален Фурние

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ален Фурние
Alain Fournier.jpg
Роден/а3 октомври 1886
Шапел д'Анжијон, Франција
Починат/а22 септември 1914
Леспарж, Франција
Занимањеписател, критичар, војник
Јазикфранцуски

Ален Фурние (3 октомври 188622 септември 1914)[1] — француски писател и војник. Автор е на романот Големиот Молн (1913), негово единствено дело кое се смета за класик на француската книжевност и било два пати поставено на филмското платно. Останатиот дел од творештвото му бил објавен постхумно.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ален Фурние бил роден во Шапел д'Анжијон, департманот Шер, централна Франција, како син на наставник. Посетувал училиште во Со (О-де-Сен), близу Париз, каде се подготвувал да се запише на вишата париска школа, но безуспешно. Тогаш почнал да учи поморска трговија во Брест. Во Со (О-де-Сен) се запознал со Жак Ривиер, кој се спријателил со Ален и подоцна се оженил со неговата помала сестра Изабела. Студиите ги прекинал во 1907 и во наредните две години служел во армијата. Во овој период напишал неколку поеми, раскази, и есеи, кои подоцна биле објавени како збирка под името Чуда.

На 1 јуни 1905, шетајќи се по кејот на реката Сена, ја сретнал Ивон Мари, во која се вљубил. Тие разговарале, но Ален не успеал да ја освои. Следната година ја чекал на истото место, но таа не се појавила. Таа вечер му се исповедал на Ривиер: „Таа не дојде. И да дојдеше, немаше да биде исто.“[2] Тие се сретнале дури осум години подоцна, кога Ивон била омажена и имала две деца. Ивон му послужила како инспирација за ликот Ивон де Галас во романот Големиот Молн.

Во Париз се вратил во 1910 и се вработил како книжевен критичар во Paris-Journal. Таму се запознал со Андре Жид и Пол Клодел. Во 1912 дал отказ од работното место за да биде помошник на политичарот Касимир Перие.[3] Големиот Молн го завршил во 1913 и прво го објавувал како серијал во Nouvelle Revue Française од јули до октомври 1913, а потоа и како книга. Иако ноимниран, романот не ја освоил наградата „Гонкур“. Во 1914 Фурние почнал да го пишува вториот роман Коломб Бланш, но го оставил недовршен бидејќи се приклучил на армијата како поручник во август. Умрел во борба близу Во-ле-Паламе еден месец подоцна, на 22 септември 1914. Телото му останало неидентификувано сѐ до 1991, а дотогаш бил погребан на гробиштата во Сен-Реми-ла-Калон. Најголем дел од творештвото му било објавено постхумно: Чуда во 1924, преписките со Жак Ривиер во 1926, и писмата до семејството во 1930. Неговите белешки и цртежи за Коломб Бланш биле исто така објавени.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Големиот Молн
  • Коломб Бланш (незавршен роман)
  • Писмо до Пети Б
  • Чуда (поема)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Mémoire des hommes Secrétariat Général pour l'Administration
  2. Daniel Leuwers short biography of Alain-Fournier in Le Grand Meaulnes, Le Livre de Poche, 1971, p. 242.
  3. Tucker, Spencer C .; Roberts, Priscilla Mary (2005). Encyclopedia of World War I. 1. ABC-Clio. стр. 57. ISBN 1-85109-420-2. OCLC 61247250. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за: