Големиот Молн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Големиот Молн
АвторАлен Фурние
Изворен насловLe Grand Meaulnes
ЗемјаФранција
Јазикфранцуски
Жанрроман
Издадена
1913

Големиот Молн (француски: Le Grand Meaulnes) — единствениот роман од францускиот писател Ален Фурние објавен во 1913. Раскажувач е 15-годишниот Франсоа Сорел, пријател на главниот јунак, 17-годишниот гимназијалец Августин Молн од областа Солоњ, кој се обидува да ја пронајде таинствената девојка што ја запознал на маскенбалот. Молн е импулсивен, безгрижен и романтичен лик, кој е во потрага по недофатливото, а авторот преку него го прикажува светот помеѓу детството и зрелоста.[1] Насловот на овој роман го инспирирал Френсис Скот Фицџералд како да го наслови Големиот Гетсби.

Содржина[уреди | уреди извор]

Франсоа Сорел, раскажувачот на книгата, е син на М. Сорел, кој е директор на училиште во едно мало село во Солоњ, регион со езера и песочни шуми во срцето на Франција. По пристигнувањето во класот, Аугустин Молн, бистар млад човек кој потекнува од скромно семејство, наскоро ќе исчезне. Тој се враќа со искуство од ноќен маскембал, каде што се сретнал со девојката од своите соништа, Ивон де Галас. Таа живее со вдовицата на нејзиниот татко и нејзиниот брат Франц во огромниот древен семеен замок кој бил во распаѓање. Во градината од замокот требало се одржи свршувачка на Франц и девојката со која требало да се ожени. Свршеницата, сепак, не се појавила, и Франц се обидел да се самоубие. Откако ќе се врати на училиште, Молн имал само една идеја: да го најде мистериозниот замок повторно и девојката во која се вљуби. Сепак неговите пребарувања не успеваат, а во исто време бизарен млад човек се запишал на училиште. Тоа бил Франц де Галас под друго име кој се обидел да се скрие од нанесениот срам. Аугустин Молн дознал и заминал за Париз, со цел да ја најде Ивон де Галас но не успева. Тој му пишува на својот пријател Франсоа Сорел: „Подобро е да се заборави сè“.

Франсоа Сорел, кој сега станал учител како татко му, конечно успева да ја најде Ивон де Галас и ја споил со Молн. Ивон уште живеела со нејзиниот стар татко во она што останало од семејниот имот. Местото се викало Les Sablonnières и не било толку далеку како што пријателите мислеле. Ивон де Галас сѐ уште немала момче и му признала на Аугустин Молн дека тој е љубовта на нејзиниот живот. Ивон де Галас го прифила, со благослов на својот татко, предлогот за брак од Аугустин Молн. Сепак Молн ја остава по неколку дена, со цел да го најде изгубениот брат Франц (на кого му ветил помош пред многу години) и повторно да го обедини со неговата свршеница. Ивон де Галас, сега во брак со Аугустин Молн, останува сама во замокот. Ивон раѓа девојче, но умира два дена подоцна. На крајот Франсоа ја наследил куќата во која Молн и Ивон живееја и го одгледува девојчето, истовремено чекајќи го враќањето на неговиот пријател Аугустин Молн. Гледајќи ги старите папки, Франсоа Сорел открил мал рачно напишан дневник од Молн. Во текот на годините во Париз (пред Франсоа да ја донесе Ивон), Молн ја сретнал и завел девојка која го напуштила Франц во градината. Неколку години подоцна, Молн се вратил со Франц и неговата свршеница, и дошол да ја види својата ќерка.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Michaelides, Chris. „Alain-Fournier's Le Grand Meaulnes“. British Library. Посетено на September 21, 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]