Алекси Гињар де Сен-Приест

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Алекси де Сен-Приест
Alexis de Saint-Priest
Guignard de Saint-Priest, Alexis.jpg
Алекси Гињар де Сен Приест како академик
Роден/а20 април 1805(1805-04-20)
Санкт Петерсбург, Русија
Починат/а27 септември 1851(1851-09-27) (воз. 46 г.)
Москва, Русија
Занимањеписател, историчар и дипломат
Националностфранцуска
ПериодXIX век
Грбот на семејството
Гињар де Сен-Приест
Мото:
„Силен и одлучен“.
Франсоа-Емануел Гињар,
гроф од Сен-Приест
дедо на Алекси Гињар, гроф од Сен-Приест

Алекси Гињар, гроф де Сен-Приест (француски: Alexis Guignard de Saint-Priest), (Санкт Петерсбург, 20 април 1805 - Москва, 27 септември 1851) - француски историчар, книжевник и дипломат[1], син на Арман Емануел Шарл Гињар, гроф од Сен-Приест и внук на Франсоа-Емануел Гињар, гроф од Сен-Приест (1735-1821), дипломат, последен министер од кралската куќа на Луј XVI и прв министер за внатрешни работи на Франција[2](1788-1791).

Сен-Приест бил во комората на Шарл X, потоа бил на служба во Парма, дипломат во Бразил, во Лисабон и Копенхаген. Во Домот на перовите на Франција ги наследил својот татко и дедо. За член на Француската академија бил избран ан 18 јануари 1849 година.

Дела[уреди | уреди извор]

  • „Француските урнатитени“ (Les ruines françaises - poésies, 1823)
  • „Атенаис, или мемоарите на една жена“ - комедија (Athenaïs, ou le souvenir d’une femme - comédie, 1826)
  • „Сегашноста и минатото – послание“ (Le présent et le passé - épître, 1828)
  • „Шпанија, фрагменти од патувањето“ (L’Espagne, fragments de voyage, 1830)
  • „Историја на кралството, од корените до формирањето на главните монархии во Европа“ – 2 тома ( Histoire de la royauté considérée dans ses origines jusqu’à la formation des principales monarchies de l’Europe, 2 vol., 1842)
  • „Историја на падот на језуитите во XVIII век (Histoire de la chute des Jésuites au XVIIIe siècle, 1844)
  • „Историја на освојувањето на Неапол од Шарл Анжујски“ (Histoire de la conquête de Naples par Charles d’Anjou 4 vol., 1847)
  • „Дипломатски и книжевни студии“ (Études diplomatiques et littéraires, 2 vol., 1850)

Наводи и белешки[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]