Александар Синве

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
A. Synvet, efenti, par Alexandre Quinet.jpg
Роден ?
Франција Финистер, Бретања, Франција
Починал 1886
 ?
Занимање географ и картограф


Александар Синве[1] (француски: Alexandre Synvet или Sinvet; ? - 1886) — француски[2][3][4] географ и картограф. Историографијата го памети по неговата етнографска карта Балканот, насловена како „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“ (Грците во Османлиското Царство. Статистичко и етнографско проучување), издадена во 1878 г. во Цариград, кога учителствувал во Галатасарајскиот лицеј. Неговите трудови се познати по изразено гркомански ставови, застапувајќи ја тезата за грчкиот или „грко-бугарски“ идентитет на голем дел од населението на Егејска Македонија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Корицата на „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“.
Карта „Ethnographique de la Turquie d'Europe“ на која Синве врши масовно претставување на Македонците и другите народности како Грци

За неговиот живот се знае малку. Во литературата најчесто се среќава како A. Synvet и поретко како Al. Synvet.[5][6] Роден е на подрачјето на Финистер во Бретања и студирал физика на Ренскиот универзитет, која ја завршил на 10 октомври 1866 г. Потоа учел во Високата посебна школа во Клини, Бургундија и е назначен за стажант на 4 јули 1868 г. Во следниот период се вработил како наставник во отоманскиот Галатасарајски лицеј во Цариград,[1][7][8] каде предавал географија.[9][10] За време на престојот во Цариград Синве издал разни трудови и пишувал за градскиот печат. Посетувал разни делови на Османлиското Царство, особено Македонија и Тракија и изразувал силен интерес за опишување на демографските групи во царството.[11][12] Во 1872 г. го издал трудот „Traité de géographie générale de l`Empire Ottoman“ (Општа географија на Османлиското Царство), а во 1874 г. и неговото дополнение, „Description succincte de l'Arabie: Pour servir d'appendice à la géographie générale de l'Empire ottoman“ (Краток опис на Арабија како прилог кон општата географија на Османлиското Царство).

Во 1874 и 1875 г. го основал францускиот весник „Иниверс“, кое според извадаштвото, е „ориенталистички, политички и книжевен преглед“, a статиите му излегувале во турската верзија на списанието „Џихан“. Во 1877 г. го завршил проучувањето и ја издал книгата „Carte ethnographique de la Turquie d'Europe et dénombrement de la population grecque de l'Empire ottoman“ (Етнографска карта на европска Турција и набројување на грчкото население на Османлиското Царство), а во следната 1878 г. го издал второто издание на „Les Grecs de l’Empire Ottoman. Etude Statistique et Ethnographique“, повикувајќи се на неточни и тенденциозни грчки податоци. Книгата претставува обид за попишување на Грците во Османлиското Царство според населените места. Според авторот, податоците му се „доставени од мухтарите по барање на Цариградската патријаршија, која сакала да наложи еден лесен данок на грчките семејства“.

Книгата е полна со запрепастувачки неточности и тенденциозно третирање на податоците со цел во голема мера да се преувеличи бројот на Грци во царството. Во првото издание, Синве вели дека во царството живеат 3.750.000 Грци, а во второто бројката пораснува на 4.324.369. Синве влегол во полемика со бугарофилскиот францускиот цариградски весник „Курје д'Орјан“, кој како одговор на делото на Синве во истата 1878 г. ја издал книгата „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“.[13]

Во првата година од Руско-турската војна Синве бил обвинет во заговор со драгоманот на руската амбасада и оптуштен од наставничката работа од новиот директор Али Суави. Кога османлиските власти разбрале за ова, се обиделе да го вратат во лицејот, за што се заложил и самиот министер за образование Мехмед Тахир Муниф-паша, кој бил пријател на Синве и се обидувал да го убеди директорот да го прими назад на работа.[11]

Синве бил претставник за Османлиското Царство на многу географски конференции во Европа барем до 1880 г.[14] Ја претставувал Високата порта на Светскиот конгрес за географски науки во Париз, како и претставник во Цариград на Институот за етнографија на Франција.[15][16] Бил редовен член на Научниот комитет на грчкто Национално филолошко здружение во Цариград,[5] и одговорен за рецензија на научната литература која се вршела на редовните средби на колегиумот[17] и негов член почнувајќи од 1875 г.[18] Во 1878 г. го објавил истражувањето „Carte ethnographique de la Turquie d'Europe et dénombrement de la population grecque de l'Empire ottoman“ (Етнографска карта на европска Турција и набројување на грчкото население на Османлиското Царство), направено со помош од членовите на научниот комитет на Вселенската патријаршија и Образовното здружение на грчката дијаспора во царството.[19] На 21 октомври 1881 г. го напуштил Цариград и станал професор на лицејот во Ница,[20] каде се задржал до 1884 г. като наставник-стручњак по предметите историја, книжевност и граматика.[21][22] Потоа бил назначен во лицејот во Сент Етјен, каде станал учител-стручњак по историја и географија, книжевност и граматика.[23] Кон крајот на 1884 г. соопштил дека зема одмор до крајот на учебната 1884-85 година[24] и побарал долг одмор и во текот на следната учебна година.[25]

Трудови[уреди | уреди извор]

Ова е список на некои од трудовите на Синве кои се наведуваат во други текстови.[26]

  • „Traité de géographie générale de l`Empire Ottoman“, Librairie internationale Lorentz et Keil, Цариград, 1872[27][28]
  • „Description succincte de l'Arabie: Pour servir d'appendice à la géographie générale de l'Empire ottoman“, Цариград: L'Orient Illustré, 1874.
  • „Traité de géographie générale de l'Empire Ottoman“, Цариград: Typographie centrale, 1872.
  • „Carte ethnographique de la Turquie d'Europe et dénombrement de la population grecque de l'Empire“ ottoman, прво издание, Цариград: L'Orient Illustré, 1877.
  • „Les Grecs de l’Empire Ottoman: Étude statistique et ethnographique“, второ издание, Цариград: L'Orient Illustré, 1878.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Recueil des lois et actes de l'instruction publique: instruction supérieure, instruction secondaire, instruction primaire. Paris: Delalain. 1868. стр. 231. http://books.google.ca/books?id=Nzp5wO7f0eEC&pg=PA231&dq=%22sinvet%22&hl=en&sa=X&ei=PZDNUpnlJ8P02gWuy4H4Cg&ved=0CGwQ6AEwCA#v=onepage&q=%22sinvet%22&f=false. посет. 10 јануари 2014 г. 
  2. John Freely (2010). Children of Achilles: The Greeks in Asia Minor Since the Days of Troy. I.B.Tauris. стр. 204. ISBN 184511941X. http://books.google.ca/books?id=OGzRrs4KkRoC&pg=PA204&dq=french+synvet&hl=el&sa=X&ei=DuhnUuevGsWdyQHvs4FA&redir_esc=y#v=onepage&q=french%20synvet&f=false. посет. 10 јануари 2014 г. 
  3. Στέργιος Γυαλιστράς (1945). Hellenism and its Balkan neighbours during recent years. Εστία. стр. 41. http://books.google.ca/books?id=ymA_AQAAIAAJ&q=%22french%22+%22a.+synvet%22&dq=%22french%22+%22a.+synvet%22&hl=el&sa=X&ei=p-lnUqSKMqb7yAHVpYG4Dw&redir_esc=y. посет. 10 јануари 2014 г г. 
  4. Hellenic committee (1880). Bulgarians in European Turkey. стр. 5. http://books.google.ca/books?id=QHgIAAAAQAAJ&dq=%22french%22%20%22a.%20synvet%22&hl=el&pg=PA5#v=onepage&q=%22french%22%20%22a.%20synvet%22&f=false. посет. 10 јануари 2014 г. 
  5. 5,0 5,1 Σύγγραμμα περιοδικόν του Ελληνικού Φιλολογικού Συλλόγου (1876-1877). IA'. Κωνσταντινούπολη: Βουτυρά και Σία. 1878. стр. κδ'. http://books.google.gr/books?id=0awAAAAAYAAJ&pg=PA4&vq=Synvet&hl=fr&output=html_text. посет. 10 јануари 2014 г. 
  6. August Petermann (1876). Mittheilungen Aus Justus Perthes' Geographischer Anstalt Über Wichtige Neue Erforschungen Auf Dem Gesammtgebiete Der Geographie. 22. H. Haack. стр. 28. http://books.google.ca/books?id=CYUn-amsarsC&lpg=PA28&ots=w9ZGrUgEgy&dq=%22effendi%22%20%22synvet%22&pg=PA28#v=onepage&q=%22effendi%22%20%22synvet%22&f=true. посет. 10 јануари 2014 г. 
  7. Bulletin officiel du Ministère de l'éducation nationale. 10. Paris: Imprimerie nationale. 1869. стр. 5. http://books.google.ca/books?id=KWTfAAAAMAAJ&pg=PA5&dq=%22sinvet%22&hl=en&sa=X&ei=kZHNUuz8HY2A2QW5rYGQAw&ved=0CC4Q6AEwADgK#v=onepage&q=%22sinvet%22&f=false. посет. 10 јануари 2014 г. 
  8. Nikola V. Mikhov (1918). La Bulgarie et son peuple d'après les témoignages étrangers...(Серија: Bibliothèque des peuples balkaniques). 6. Librairie centrale des nationalités. стр. 88. http://books.google.ca/books?id=IPoiAAAAMAAJ&q=%22fran%C3%A7ais%22+%22synvet%22&dq=%22fran%C3%A7ais%22+%22synvet%22&hl=el&sa=X&ei=IvdnUsmtDPPlyAGLpoCwDw&redir_esc=y. посет. 10 јануари 2014 г. 
  9. Engin Deniz Akarli (1972). Ottoman population in Europe in the 19th century: its territorial, racial, and religious composition. Madison: University of Wisconsin. стр. 147. http://books.google.ca/books?id=V51KAAAAMAAJ&q=french+synvet&dq=french+synvet&hl=el&sa=X&ei=EulnUr3JKqjUyQGn5oCoBg&redir_esc=y. посет. 10 јануари 2014 г. 
  10. Nikola V. Mikhov (1915). Naselenieto na Turtsiis i Bulgariia priez XVIII i XIX v.; bibliografsko-statistichni izsliedovaniia. 1. Tsaarska Pridvorna Pechatnitsa. стр. 319. http://books.google.ca/books?id=CTYbAAAAMAAJ&q=%22synvet%22+%22lyc%C3%A9e%22&dq=%22synvet%22+%22lyc%C3%A9e%22&hl=en&sa=X&ei=hDdoUvDRD8WbygHSlYGoBA&ved=0CHIQ6AEwCQ. посет. 10 јануари 2014 г. 
  11. 11,0 11,1 Johann Strauss (септември 1999). Le livre français d'Istanbul (1730-1908). 87-88. Revue des mondes musulmans et de la Méditerranée. http://remmm.revues.org/307. посет. 10 јануари 2014 г. 
  12. "...bien connu par ses recherches scientifiques et par ses missions en Orient, surtout en Thrace et en Macédoine."Nikola V. Mikhov (1918). La Bulgarie et son peuple: d'après les témoignages étrangers. Бугарија: Librairie centrale des nationalités. стр. 88. http://books.google.ca/books?id=9KsLAAAAIAAJ&q=%22mac%C3%A9doine%22+%22synvet%22&dq=%22mac%C3%A9doine%22+%22synvet%22&hl=en&sa=X&ei=tspoUu3_D6WV3AXJp4GQCw&ved=0CFkQ6AEwBzgK. посет. 10 јануари 2014 г. 
  13. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 5, 200.
  14. Paul Tournafond, уред. L'exploration. Journal des conquêtes de la civilisation sur tous les points du globe. 10. Париз: Imprimerie F. Lévé. стр. 686. http://books.google.ca/books?id=JtUuAAAAYAAJ&dq=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&pg=PA686#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г. 
  15. Congrès international de sciences géographiques tenu à Paris du 1er au 11 août 1875. Compte rendu des séances, Tome premier, Paris, Imprimerie de E. Martinet, Rue Mignon, 1875, р. 407-408 (417-418 του pdf)
  16. Madier de Montjau, уред (1785). Éthnographie. Bulletin de la société d`ethnographie. 8. Société d`ethnographie. стр. 423. http://books.google.ca/books?id=IeIqAAAAYAAJ&dq=%22synvet%22%20%22g%C3%A9ographe%22&hl=el&pg=PA3#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22g%C3%A9ographe%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г. 
  17. Σύγγραμμα περιοδικόν του Ελληνικού Φιλολογικού Συλλόγου (1876-1877): Η ιστορία του Ελληνικού Φιλολογικού Συλλόγου και της επιδράσεως αυτού. IΒ'. Κωνσταντινούπολη: Βουτυρά και Σία. стр. 6. https://play.google.com/books/reader?id=0awAAAAAYAAJ&printsec=frontcover&output=reader&authuser=0&hl=fr&pg=GBS.PP20. 
  18. Σύγγραμμα περιοδικόν του Ελληνικού Φιλολογικού Συλλόγου (1876-1877). IA'. Κωνσταντινούπολη: Βουτυρά και Σία. стр. ιδ'. https://play.google.com/books/reader?id=0awAAAAAYAAJ&printsec=frontcover&output=reader&authuser=0&hl=fr&pg=GBS.PP20. посет. 11 јануари 2014 г г. 
  19. Σύγγραμμα περιοδικόν του Ελληνικού Φιλολογικού Συλλόγου (1876-1877). IΒ'. Κωνσταντινούπολη: Βουτυρά και Σία. стр. 180. https://play.google.com/books/reader?id=0awAAAAAYAAJ&printsec=frontcover&output=reader&authuser=0&hl=fr&pg=GBS.RA2-PA180. 
  20. Journal général de l'Instruction publique: enseignement supérieur, enseignement secondaire, enseignement primaire. 44. Ministère de l'Instruction publique. 29 октомври 1881 г. стр. 724. http://books.google.ca/books?id=Ulv_NN55n7sC&dq=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&pg=PA724#v=onepage&q=%22synvet%22%20&f=false. посет. 11 јануари 2014 г г. 
  21. Jules Delalain (Auguste Henri Jules), уред (1883). Annuaire de l'instruction publique et des beaux-arts. стр. 149. http://books.google.ca/books?id=rBJZ-gz8mHcC&dq=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&pg=PA149#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г. 
  22. Almanach national: annuaire officiel de la République française. Berger-Levrault et cie. 1884. http://books.google.ca/books?id=B4tVAAAAYAAJ&dq=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&pg=PA666#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г. 
  23. Jules Delalain, уред (1884). Annuaire de l'instruction publique et des beaux-arts. Librairie de Delalain frères. стр. 345. http://books.google.ca/books?id=ydECAAAAYAAJ&dq=%22etienne%22%20%22synvet%22&pg=PA345#v=onepage&q=%22etienne%22%20%22synvet%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г г. 
  24. Bulletin officiel du Ministère de l'éducation nationale. Ministère des universités et du Ministère de la jeunesse, des sports et des loisirs. стр. 359. http://books.google.ca/books?id=wMc_MDeO9Q4C&dq=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&pg=PA359#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22lyc%C3%A9e%22&f=false. посет. 11 јануари 2014 г. 
  25. Bulletin officiel du Ministère de l'éducation nationale. 680. Imprimerie nationale. стр. 1208. 
  26. Engin Deniz Akarli (1972). Ottoman population in Europe in the 19th century: its territorial, racial, and religious composition. Madison: University of Wisconsin. стр. 147. http://books.google.ca/books?ei=UYqPUsOhM8SZrgGKr4HoCA&hl=el&id=V51KAAAAMAAJ&dq=%22synvet%22&focus=searchwithinvolume&q=%22synvet%22. 
  27. Compte-rendu des travaux du Congrès. Париз: Secrétariat général du Congrès. 1876. http://books.google.ca/books?id=Zu4uAAAAYAAJ&dq=%22synvet%22%20%22fran%C3%A7ais%22&hl=el&pg=PA458#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22fran%C3%A7ais%22&f=false. посет. 10 јануари 2014 г г. 
  28. Journal général de l'imprimerie et de la librarie (Feuilleton commercial. IIIe partie). XX (2 издание). Париз: Impremerie Pillet et Dumoulin. 1876. http://books.google.ca/books?id=z1IFAAAAQAAJ&dq=%22synvet%22%20%22fran%C3%A7ais%22&hl=el&pg=PA972#v=onepage&q=%22synvet%22%20%22fran%C3%A7ais%22&f=false. посет. 10 јануари 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]