Александар Ивановски Карадаре
Александар Ивановски Карадаре | ||
Роден | 1943 Прилеп, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Занимање | вајар |
Александар Ивановски Карадаре е роден во 1943 година , Прилеп, Македонија — македонски вајар[1].
Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана 1968 г.
Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ од 1967 г.
Автор е на неколку самостојни изложби во Р. Македонија и во странство, учествувал на повеќе значајни колективни изложби во странство:Белград, Загреб, Панчево, Пореч, Мурска Собота, Будимпешта, Букурешт, Валета, Каиро, Нирнберг и др.
Карадаре за своето творештво е добитник на многу награди, од кои ги издвојуваме: 1972, Струмица, награда за споменик на Гоце Делчев; 1980, награда Нерешки мајстори за скулптура, од изложбата на ДЛУМ; 1982, награда за споменикот посветен на депортирањето на Евреите, итн[2].