медицински техничари, природни науки, филозофи, научници, студенти; Светски ден на младите
Св. Алберт Велики (роден помеѓу 1193 и 1206 година - починал на 15 ноември1280) бил доминикански епископ, најмногу познат по своите придонеси за мирољубивата коегзистенција на науката и религијата. Тој се смета за најголемиот германски филозоф во средниот век.
Роден е во Лауинген, Баварија (Германија) Како професор предавал на многу универзитети, меѓу кои и на Сорбона, прочуениот универзитет во Париз. Поради занимливостите во неговите предавања, морал да предава на плоштадот Мауберт, кој го носи неговото име, од латинските зборови Магнус Алберт. Негов ученик бил и познатиот Свети Тома Аквински, еден од најголемите теолози[1]. Алберт Велики бил првиот средновековен интелектуалец, кој ја вовел Аристотеловата филозофија во христијанската црква.