Аголник и шестар
Аголник и шестар (или, поточно, аголник и шестар споени заедно) — најпрепознатлив симбол во масонството. И аголникот и шестарот се архитектонски алатки и се користат во масонскиот обред како амблеми за подучување на симболички лекции.
Некои ложи и обреди ги објаснуваат овие симболи со лекции за однесување. На пример, Данкановиот масонски монитор од 1866 година ги опишува како: „Аголник, за да ги усогласиме своите постапки; Шестар, за да нè ограничи и држи во границите на целото човештво“.[1] Меѓутоа, бидејќи слободното ѕидарство е недогматично, не постои општо толкување на овие симболи (или кој било друг масонски симбол) што се користи во цело слободно ѕидарство.[2]
Со буквата „Г“
[уреди | уреди извор]Во многу земји од англиското говорно подрачје, аголникот и шестарот се прикажани со буквата „Г“ во средината.[3] Водечката буква има повеќе значења и претставува различни зборови во зависност од контекстот во кој се зборува. Најчесто „G“ значи Бог (англиски. God). Второто значење е дека ја означува геометријата за да ги потсети на слободните ѕидари дека геометријата и масонството се синонимни поими кои се опишани како „најблагородни науки“ и „основата врз која се надградува масонството и сè што постои во целиот семир“. Во сличен контекст, ова може да значи и Големиот архитект на Семирот (англ.: Great Architect of the Universe) што значи неденоминациско повикување на Бога.[1]
Употреба на симболот од други братства
[уреди | уреди извор]Аголникот и шестарот се користат како симбол од неколку други организации, понекогаш со дополнителни симболи:
- Ред на слободни градинари (англ. Order of Free Gardeners), во својот знак додава отворен нож за режење во аголникот и шестарот.[4]
- Помлад ред на обединети американски машинци (англ. Junior Order of United American Mechanics), во својот знак додава рака и чекан во каголникот и шестарот.[5]
- Независен обединет ред на машинци (англиски. Independent United Order of Mechanics ) го задржува знакот непроменет. [6]
- Кралска црна институција (англ. Royal Black Institution) го задржува знакот непроменет.[7]
- Столарска компанија на градот и округот Филаделфија (Carpenters' Company of the City and County of Philadelphia) користи аголник и три шестари во својот знак.[8] Нивниот знак е сличен на оној на Обожувачката компанија на столари од Лондон.[9]
- Црквата на Исус Христос на светците на последните дни користи посебни ознаки на аголникот и шестарот на храмските одежди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Malcolm C. Duncan, Duncan's Masonic Ritual and Monitor
- ↑ Peter Gilkes, Masonic ritual Spoilt for choice Архивирано на 8. studenoga 2017.., Masonic Quarterly Magazine (10, 2004.)
- ↑ The "G" In Masonry's Emblem, phoenixmasonry.org
- ↑ Ancient Order of Free Gardeners, freemasonry.bcy.ca
- ↑ Junior Order of United American Mechanics,
- ↑ Independent United Order of Mechanics, iuom.org
- ↑ Royal Black Institution, royalblack.org
- ↑ About The Carpenters' Company
- ↑ Company of Carpenters, carpentersco.com