Прејди на содржината

Автопортрет со преврзано уво

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автопортрет со преврзано уво
Творец Винсент ван Гог
Година јануари 1889
Димензии 60 см × 49 см
Место Галерија Котолд, Лондон

Автопортрет со преврзано уво — слика од Винсент ван Гог насликана во 1889 година.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Во овој автопортрет, Ван Гог носел сина капа со црно крзно и зелено палто, со завој што му го покривал увото и се протегал до под брадата.

Тој е во традиционално полупрофилно држење и погледот му бил малку надесно. Зад него бил отворен прозорец, платно на штафелај и репродукција од јапонска графика.

Сликата е изработена во техниката импасто, главно изведена вертикално. Тонот на кожата е направен со нијанси на зелена и жолта боја. Завојот што го покрива увото на Ван Гог на оваа слика е алузија на неговиот конфликт со ссликарот Пол Гоген. Ван Гог користел огледало за да направи свои автопортрети, па затоа многумина погрешно веруваат дека тој отсекол дел од десното уво наместо левото[2].

Уметничко значење[уреди | уреди извор]

Како и во другите бројни автопортрети и во овој, Ван Гог, создава длабоко уметничко видување на сопствената психологија, одредена интроспекција и своевиден духовен уметнички дневник[3].

Сликата е создавана со брзи, снажни потези, со густо нанесена боја. Некои ја сместуваат во постимпресионистичкиот стил, но како и во сите негови дела, тој е автентичен, оригинален, тешко дека може да биде сместен така лесно и компаративно во некаков стил, тој е секогаш оригинален и не припаѓа на ниедна школа, правец, влијание. Неговите пораки се директни, снажни, емотивни и духовно длабоки[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Van Gogh, Self-Portrait with Bandaged Ear“. Архивирано од изворникот на 2020-10-30. Посетено на 2020-10-26.
  2. „Cookies for the best experience“. Архивирано од изворникот на 2020-11-01. Посетено на 2020-10-26.
  3. „Self Portrait with Bandaged Ear, 1889 by Vincent Van Gogh“. Архивирано од изворникот на 2020-10-31. Посетено на 2020-10-26.
  4. „Vincent van Gogh (1853-1890)“. Архивирано од изворникот на 2021-01-21. Посетено на 2020-10-26.