Сламеници во Овер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сламеници во Овер
An oil painting of thatched cottages and houses. The sky is an intense blue complementing the yellow of the vegetation in the foreground. In the middle there is a diagonal band of green that is accentuated by one red roof on the right. The shadows on the houses are tinged with blue. The atmosphere is calm and serene, the smoke from the chimneys curling vertically up on a still day.
Творец Винсент ван Гог
Година 1890
Димензии 60 см × 73 см
Место Музеј Ермитаж, Санкт Петербург (F750/JH1984)

Сламеници во Овер — слика на Винсент ван Гог што се чува во музејот Ермитаж во Санкт Петербург. Била насликана во Овер-сир-Оаз во мај 1890 година, кратко време пред смртта на уметникот [1].

Оваа слика била дел од збирката на Сергеј Шчукин, национализирана по Октомвриската револуција. Најпрво била изложена, од 1919 до 1929 година, во Москва во палатата Трубецкој[2], во која се наоѓал Музејот на модерната западна уметност, а потоа станала дел од вториот Музеј на модерна западна уметност изложена во поранешниот дом на Иван Морозов во Москва. Конечно, во 1948 година станала дел од збирките на музејот Ермитаж.

Ова дело го одразува драматичниот интензитет што уметникот го чувствувал во тоа време. Повторно се навраќа на оваа тема во јули во Сламеници на рид (слика чувана во Тејт Британија).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (англиски) Jan Hulsker, The Complete Van Gogh, Oxford, éd. Phaidon, 1980, catalogue n° 1984
  2. Ancien hôtel particulier de Chtchoukine qu'il avait acheté en 1882 et qui fut nationalisé en 1918

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Jacob Baart de la Faille, L'Œuvre de Vincent van Gogh, catalogue raisonné, ouvrage accompagné de la reproduction de plus de 1 600 tableaux, dessins, aquarelles et gravures du maître, 6 volumes, éditions G. van Oest, Paris & Bruxelles, 1928

Надворешни врски[уреди | уреди извор]