Сиеста (Ван Гог)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сиеста
Творец Винсент ван Гог
Година 1889-1890
Димензии 73 см × 91 см
Место Музеј Орсе, Париз

Сиеста (на француски, La méridienne или La sieste) — масло на платно од Винсент ван Гог насликано помеѓу декември 1889 и јануари 1890 година додека бил интерниран во ментален азил во францускиот град Сен Реми-де-Прованс.[1] Тој е дел од постојаната збирка на Музејот Орсе, во Париз.

Ван Гог за своја тема ја избира сиестата, а се референцира директно на истоимената слика на францускиот сликар Жан Миле. И покрај мирната природа на темата, сликите зрачат со познатиот уметнички интензитет на Ван Гог.[2] Исто така познат на француски како La méridienne, „Сиеста “ на Ван Гог се смета за едно од неговите ремек-дела.[3] [4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Musée d'Orsay: Vincent van Gogh The siesta“. www.musee-orsay.fr. Посетено на 2020-11-08.
  2. „Musée d'Orsay: Vincent van Gogh La méridienne“. www.musee-orsay.fr. Посетено на 2020-11-08.
  3. Field, Hamilton Easter (1928). The Arts (англиски). Hamilton Easter Field. стр. 14. The blue and gold Meridienne by Van Gogh is one of his most famous masterpieces. The nervous, almost furious, graphic quality of the brushstrokes gives a startling significance to the rustic ode. The sky is ablaze...
  4. „Chefs d'Oeuvre“. chefsdoeuvre.fr. Посетено на 2020-11-08.