Завој

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Завој
Завој is located in Македонија
Завој
Местоположба на Завој во Македонија
Координати 41°11′27″N 20°54′29″E / 41.19083° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.19083; 20.90806Координати: 41°11′27″N 20°54′29″E / 41.19083° СГШ; 20.90806° ИГД / 41.19083; 20.90806
Општина Општина Охрид
Население 12 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 1159 м

Завој е село во Општина Охрид, во околината на градот Охрид.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Завој се наоѓа во падините на планината Петрино, од десната страна на патниот правец Охрид - Ресен. Селото е оддалечено 16 километри источно од градот Охрид.

Историja[уреди | уреди извор]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Завој живееле 280 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Завој имало 280 Македонци, егзархисти.[2]

Според пописот од 2002 година, селото имало 10 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 280[1] 280[5] 532 554 611 531 155 54 41 12

Родови[уреди | уреди извор]

Завој е населено со македонско православно население, повеќето родови во селото се староседелски кои живееле во Стар Завој од каде пребегнале и го основале Завој на денешното место околу 1860 година.

Родови во Завој се: Цветановци (9 к.), Крстановци (8 к.) и Тасевци (6 к.), сите доселени од Стар Завој, во родот Цветановци се знае следниот родослов Горјан (жив на 60 год. во 1980 година) Ефтим-Вељан-Цветан кој се доселил од Стар Завој; Трајчевци (4 к.), Јаневци (2 к.), Деспотовци (2 к.), Секуловци (2 к.), Климовци (1 к.), Петровци (1 к.) и Размовци (1 к.), гранка се на наведениот род Крстановци; Маричовци (4 к.), Анѓеловци (2 к.) и Шабановци (1 к.), гранка се од наведениот род Цветановци; Шутевци (2 к.), потекнуваат од домазет кој дошол од селото Куратица, основачот на родот се викал Шуте, еден член на родот Анастас Митрев (починал во Скопје во 1952 г.), кој бил член на ВМРО, пред крајот на турското владеење се иселил во Бугарија, таму му се родил син, подоцна познатиот Димитар Митрев, кој живеел во Скопје, а починал во Охрид. Од овој род е и Илинка Митрева, која е ќерка на Димитар Митрев.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Голем број Завојчани се раселени на сите страни на светот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
  2. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.