Џон Кју (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Џон Кју (англиски: Joe) е американски филм од 2013 година, во режија на Дејвид Гордон Грин. Главните улоги ги играат: Николас Кејџ, Тај Шеридан и Гари Полтер. Филмот е снимен според истоимениот роман на Лари Браун.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поранешниот затвореник Џо Ренсом (го игра Кејџ) е распуштен, непоправлив човек, кој многу пие и пуши, се коцка, а не води грижа ниту за својот автомобил, ниту за своето куче, а особено за жените. Исто така, Џо постојано има проблеми со полицијата. Еднаш, тој се среќава со петнаесетгодишното момче Гари (го игра Шеридан), кое го пленува со својата решителност, пристојност и неверојатна издржливост. Гари не живее како своите врсници, не одел на училиште, туку постојано морал да работи за да го издржува своето семејство и да ја заштитува сестра си од татко му, кој е тежок алкохоличар. Кога Гари не може да се прави со заканата од неговиот татко, кај Џо се разбудува хуманоста и тој му помага на момчето.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Драматична потрага по вистинскиот животен праг“, Антена, број 869, 20.2.2015, стр, 2.