Џон Ди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џон Ди

Џон Ди (англиски: John Dee; Лондон, 13 јули 1527 — Мортлејк, декември 1608 или март 1609) бил уважен англиски математичар, астроном, астролог, алхемичар, географ, окултист[1] и советник на Кралицата Елизабета I. Покрај тоа, голем дел од неговиот живот е посветен на алхемијата, девинации и херметичка филозофија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Образование[уреди | уреди извор]

Малку се знае за неговото детство. Тој бил роден во семејство од велшко потекло, како син на таткото Роналд Диј, аристократ во служба на кралот Хенри VIII  и мајка Џејн Вајлд. Од 1537 до 1542 година се образувал во Црковното училиште во  Шелмсфорд во Есекс. Во 1542 година тој почнал да се школува на Колеџот на Светиот Јован во Кембриџ, каде што тој учел грчки и математика. Во текот на студиите развил  интерес за механика, картографија и навигација.  Во годината 1546 тој студирал математика со стипендија на Тринити Колеџот во Кембриџ.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Baigent, Michael i Leigh, Richard, Eliksir i kamen, Naslijeđe magije i alkemije, Stari Grad, Zagreb. .
  • Black, Jonathan, Tajna povijest svijeta, Mozaik knjiga Čakovec. .
  • Bobrick, Benson, Sudbonosno nebo, povjest astrologije, Naklada Ljevak, Zagreb. .
  • Faust, Viktoria i Knight, Thomas H., Sotonizam, Zagrebačka naklada, Zagreb. .

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Roberts, R. Julian (2006) [2004]. "Dee, John (1527–1609)". Oxford Dictionary of National Biography (online ed.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/7418

Надворешни врски[уреди | уреди извор]