Џастин Чејмберс

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џастин Чејмберс
JustinChambersMay09.jpg
Роден(а) Џастин В. Чејмберс
11 јули 1970
Спрингфилд, Охајо
Сопруг(а/и) Киша Чејмберс (1993-денес) 5 деца

Џастин В. Чејмберс (роден 11 јули, 1970) е американски актер и бивши Calvin Klein машки модел. Од 2007, тој почнува да глуми во драмската серија на ABC Вовед во анатомија како Алекс Карев.

Биографија[уреди]

Приватен живот[уреди]

Чејмберс е роден во Спрингфилд, Охио, син на познати полицајци Пем и Џон Чејмберс.[1] Тој има брат близнак по име Џејсон, еден постар брат Чип (Џон) и две постари сестри, Миа и Сузан. Тој и неговиот брат близнак како мали имаат поминувано доста време во болница поради проблеми со пенумонија. Тој учел во основното училиште Спрингфилд Кристијан. Тој има пет деца со својата жена, Киша: Изабела (1997), близначките Маја и Калија (1999), Ева (2001) и Џексон (2002). Киша е бивши букер на една манекенска компанија со која тој се оженува во 1993. Неговата жена и деца моментално се преселија во Лос Анџелес од нивниот дом блиску едно предградие надвор од Њу Јорк.

Кариера[уреди]

Чејмберс бил откриен од модни извидници во Париз Метро и почнал да ги претставува Calvin Klein во кампања за парфеми. Тој работел низ Европа, Јапонија и САД за CK, Armani, и Dolce & Gabbana1. Откако се одлучил за актерска кариера, се преселува за Њу Јорк, каде студира во H.B. Studios цели четри години. Тоа му овозможило мали улоги во некои серии како на пример Another World и New York Undercover. Во поскоро време, тој се појавува во неколку филмови, како на пример Организаторка на венчавки (2001, заедно со Џенифер Лопез), Мускетарот (2001) Southern Belles (2005), The Zodiac (2005) и во еден филм на HBO Hysterical Blindness (2002). Чејмберс започна да глуми една од поглавните улоги во криминалистичката драма на CBS Cold Case но за жал ја напушта серијата по само три епизоди. Моментално тој го глуми бесчувствителниот резидент Алекс Карев во хит медицинската драма на ABC Вовед во анатомија.

Неговата прва главна улога доаѓа во видео спотот за песната „Ants Marching“ од Dave Matthews Band во 1994.

Референции[уреди]