Алекс Карев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Д-р Алекс Карев
Dr. Alex Karev
лик од 'Вовед во анатомија'
Џастин Чејмберс како Д-р. Алекс Карев
Прво појавувањеA Hard Day's Night
СоздавачШонда Рајмс
ТолкуваЏастин Чејмберс
Информации
Прекар„Злобно потомство“
ПолМашки
ЗвањеДоктор по медицина
ЗанимањеХируршки стажист во болницата Сиетел Грејс.

Алекс Карев (англиски: Alex Karev) е измислен лик од телевизиската серија на ABC Вовед во анатомија. Ликот го толкува глумецот Џастин Чејмберс[1]. Ликот всушност не бил вклучен во првата епизода, но бил додаден откако првата епизода била снимена, што значи дека некои сцени со него биле снимени подоцна и компијутерски додадени.

Позадина[уреди | уреди извор]

Д-р Алекс Карев е бивши кечер на Универзитетот во Ајова и има студирано медицина на кечерска кариера. Алекс станал кечер поради татко му, кој бил музичар и зависник од дрога, кој си ја тепал жена му поточно мајката на Алекс. Еден ден Алекс го истепал татко му кога тој ја удрил мајка му. Татко му завршил во болница и откако бил пуштен ги напуштил Алекс и мајка му.

Краток преглед[уреди | уреди извор]

Алекс е енергичен, желен и натпреварувачки стажист, и мисли дека е важно да се биде одличен хирург. Како и да е, Алекс знае да биде и многу егоцентричен и пресамоуверен. Тој сака само да работи на случаи кои ги смета за интересни. Неговото непримерно однесување и неговиот лош карактер доведува до мразење од страна на другите доктори.

Алекс се гордее со неговата искреност, кој често знае да биде нетолерантен, што се граничи со грубот, бруталност и бесчувствителност. Како и да е Алекс е единствениот кој им кажува на пациентите само вистинити работи значи ако дијагнозата на некој пациент е лоша тој ќе им каже во каква ситуација се наоѓаат без капка лаги некогаш дури и се обидува да ги убеди да ја сменат одлуката ако донеле погрешна одлука за нивниот живот што понекогаш се резултира да биде исфрлен од случајот.

Историја на ликот[уреди | уреди извор]

Прва сезона[уреди | уреди извор]

Најважни работи во оваа сезона за Алекс:Неговото провоцирање на другите стажисти, неговата арогантност и откривањето на болното минато.

Откако завршил факултет тој си обезбедува место во Сиетл Грејс како стажист. Пред да почне серијата се прави забава за сите нови стажисти се претпоставува дека на таа забава тој ја има запознаено медицинската сестра Оливиа Харпер. Од каде почнува врска непозната за гледачите.

На неговиот прв ден, тој успева да ги изнервира сите, навредувајќи ги неговите соработници стажисти и однесувајќи се непристојно со сестрите. Тој го нарекува Џорџ О'Мали “007” – дозвола за убивање – каде се стаписува среде операција, и ја нарекува Мередит Греј “медицинска сестра”. Со желба да работи само на интересни хируршки случаии, Алекс не им обрнува на другите пациенти доволно внимание сметајќи ги за неинтересни. Поради ова, му дава погрешна дијагноза на пациент со емболија на белите дробови кој има пневмонија. Случајот му беше одземен од страна на Ричард Вебер.

Алекс брзо беше префрлен на нов ментор Миранда Бејли. Неговите „невкусни“ шеги и неговата преголема арогантност, доведуваат да другите стажисти го мразат и го нарекуваат “злобно потомство”. Тој стана уште поомразен кога украде една кардиохируршка операција која чесно припаѓаше на други стажисти. По ова, бесната Мередит го напаѓа и почнува да му се дере, нарекувајќи го „машка шмизла“.

Алекс многу често знае да им направи болка на многу стажисти и да ги повреди повеќе од нормално, сакајќи и не сакајќи. Кога Алекс дозна дека Изи Стивенс е бивши модел, тој собира копии од нејзините слики на кои позира и ги лепи насекаде во соблекувалните во Сиетл Грејс. Иако успеа во нејзиното понижување, таа ја сврти цела ситуација кога се соблече пред него и пред неколку други стажисти по долна облека, потсетувајќи го дека манекенството е причината зошто сега е доктор и дека тоа ги платило нејзините студентски долгови.

Наспроти бесчувствителната слика во која се претставува, Алекс е премногу претпазлив кога за пациенти има зависници од нешто или малтретирани деца поради неговото минато. Тој всушност одбива да му помогне на зависник од петидин поради минатото. Алекс по ова и признава на Изи дека татко му бил музичар зависен од хероин. Тој исто така можеше да се поврзе и со еден тинејџер, чиј луд татко ја удрил мајка му во „Enough is Enough“. Во присуство на Изи, му кажува на момчето како станал кечер за да може да собере еден ден сила и да го истепа татко му и дека сè уште се кае за таа одлука. Изи сфаќа дека Алекс не е толку бесчувствителен и суров како што се покажува. Таа започнува мало пријателство на голем шок на Мередит, Кристина и Џорџ. Подоцна, Мередит го менува мислењето за Алекс кога тој се нуди да ја сослуша за мајка и.

Во „Who’s Zoomin’ Who“, Џорџ се заразува со сифилис од Алекс преку Оливија. Беше откриено дека Оливија излегувала со Алекс кога Џорџ ја поканил на состанок. Оливија веднаш ја прекинала врската со Алекс кога сфатила колку и значи Џорџ. Збеснат од сознанието дека Алекс му пренел сифлис, Џорџ му удира бокс на Алекс во лицето.

Втора сезона[уреди | уреди извор]

Најважни работи во оваа сезона за Алекс:Шокот кога дознава дека не положил приемен испит за доктор, стравот дека не е компетентен доктор, врската со Изи, љубомората кон Дени и запознавањето со гинекологијата од страна на Адисон.

Истата ноќ за време на тепачката, Џо, споственикот на барот спроти болницата е примен на операција и во еден разговор со Џо се открива дека Алекс одел во барот секоја ноќ откако се преселил во Сиетл и станал близок пријател со Џо. Кога Џорџ наоѓа начин да ја плати операцијата на Џо, непријателството помеѓу Алекс и Џорџ е завршено и Алекс го прегрнува Џорџ.

Алек ја поканува Изи на состанок во „Deny, Deny, Deny“. Како и да е на истиот тој ден, тој дознава од Ричард дека паднал на медицинските испити. Ова доведува да пати од криза на самодоверба, доведувајќи да ја третира Изи многу лошо за време на нивниот состанок. Неговата криза повторно се појавува кога за време на една операција во лифт кој е заглавен поради струјата се вкочанува и не може да го оперира пациентот и Џорџ е принуден да го оперира пациентот сам. Изи, кога е сѐ уште бесна поради ужасниот состанок, одбива да зборува со него. По некое време тој оди кај Џо ја грабнува грубо и ја бакнува страствено, и нивната врска се обновува. Како и да е, нивниот сексуален живот малку беше во криза бидејќи Алекс стануваше по малку импотентен. Во меѓу време, неговата доверба во неговите хируршки вештини згасна бидејќи поради давање малку поголема доза на лекови на еден пациент прави да пациентот се парализира. Во момент на повреденос, спие со Оливија и е фатен од страна на Изи и нивната врска завршува.

Алекс и кажува на Мередит за неговите испити и таа решава да му помогне, убедувајќи ги и Кристина и Џорџ да помогнат исто така. Изи дознава за тоа и почнува да им се дере бидејќи му помагале на Алекс. Евентуално таа му се смирува, но одбива да продолжат со врската. Алекс го положува тестот и станува доктор. Во „It’s the End of the World“, ситуацијата со бомбата доведува да Изи сфати дека треба да одговори на нејзините чувства. Таа го наоѓа Алекс и решава да има секс со него во болницата за време на ситуацијата со бомбата. Тие продолжуваат да спијат заедно и тоа по неколкупати на ден.

Во „What Have I Done to Deserve This“, пациентот на Изи Дени Дукет беше повторно примен поради што срцето повторно му откажало. Алекс станува љубоморен на грижата на Изи кон Дени и се обидува да го тргне Дени од патот кажувајќи му дека тој е со Изи и се сакаат и дека може да умре кога и да е без разлика на се. Таа дознава за ова и тој и кажува дека таа не смее да се плетка со пациентите. Навредена кога Алекс го нарекува сѐ уште живиот Дени со прекарот „беживотно тело“, таа му раскинува со зборовите, „Само колку да ти биде јасно, ние завршивме. Дури и на твојот најдобар ден, тоа 'беживотно тело' е двапати подобар човек кој ти никогаш можеш да бидеш. Ти не си доволно добар за мене, Алекс. Ти не си доволно добар за никого.“

Алекс и се противи на Адисон кога открива дека таа сака да изведе нешто илегално, кога го тера мажот на пациентката да ја тужи болницата поради „грешката“ на Адисон во „Blues for Sister Someone“. Бесна, таа го информира Алекс дека ќе биде префрлен на нејзиниот сервис засекогаш. Кога покажува интерес кон обстетиција и гинекологија, тој успева да роди незрело дете без ничива помош.

Кога дени умира од Мозочен удар, Алекс ја подигнува и ја зема во раце вознемирената Изи и и кажува дека мртвиот човек не е повеќе Дени, човекот што некогаш го сакала.

Трета сезона[уреди | уреди извор]

Четврта сезона[уреди | уреди извор]

Петта сезона[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Character Bios“. ABC.com. Архивирано од изворникот на 2008-03-25. Посетено на 2007-02-08.