Месџид ел-Харам

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џамија Масџид ал-Харам)
Прејди на: содржини, барај
Џамија Месџид ел-Харам
Al-Masjid al-Ḥarām
Beyt-i Haram.jpg
Основни податоци
Место Мека, Саудиска Арабија
Координати 21°25′19.2″ СГШ 39°49′33.6″ ИГД / 
Припадност Ислам
Архитектонски опис
Архитектонски тип џамија
Архитектонски стил исламската архитектура
Завршен 638, 1571
Особености
Приемност 4,000,000
Минариња 9

Месџид ел-Харам (на арапски: المسجد الحرام, Света џамија) е џамија која се наоѓа во Мека, Саудиска Арабија. Ова е најголемиот муслимански храм во светот. Во самиот нејзин двор се наоѓа и Ќабата. Самата плоштина на џамијата зазима место од 356 800 м² и се претпоставува дека може да собере околу 4 000 000 луѓе, како една од најголемите градби на човештвото. Според исламот, џамијата била изградена од страна на ангелите пред да биде создаден човекот, кога Бог наредил на земјата да биде определено местото за богослужба.

Се верува дека првата Ќаба била изградена од ангелите и дека Адам е првиот човек којшто ја изградил повторно. Во текот низ историјата самата џамија била многу пати разрушувана и повторно изградена. Според исламот, таа била изградена од страна на Ибрахим и неговиот син Исмаил.