Ќебапче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ќебапче
Ćevapčići.jpg
Ќебапчиња
Дел од оброкотглавен оброк
Температура на послужувањетопло
Главни состојкимесо
Ќебапчиња во лепиња

Ќебапче – валчесто парче од мелено месо, печено на скара [1][2]. Се јавуваат во сите краишта од Балканскиот Полуостров, а особено во краиштата од бивша Југославија кои биле под османлиска власт. Видовите месо од кои се прават ќебапчињата се разликува од место до место, а тоа зависи и од вероисповедта која преовладува во тој крај. Може да се најдат и како вид брза храна во лепиња и со прилози.

До XX век не биле користени машини за мелење месо, па тоа ситно се сечкало. Се тврди дека сè уште тоа е најдобар начин на ситнење на бидејќи месото останува посочно и не може да загори. На месото му се додаваат зачини, се меси и се истиснува низ вид инка која му го дава карактеристичниот облик и потоа се печи на скара. Посебно се цени доколку скарата се ложи на ќумур од буково или дабово дрво.

Угостителскиот објект во кој се подготвуваат ќебапчињата се вика ќебапчилница[3], а оној што ги прави, пече се вика ќебапчија[4]

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името ќебапче, ќебап изворно потекнува од персискиот збор كباب[5] и во изворниот облик е користен за месо кое не е печено, туку пржено. Употребата на истиот назив во арапскиот јазик најверојатно потекнува од арамејскиот כבבא, кој од своја страна има корен во акадскиот јазик (kabābu – она што е изгорено, испржено, јагленосано) [6]. Во XIV век „ќебап“ се споменува како синоним за персискиот збор tabahajah, јадење кое се состои од испржени парчиња месо. Во средниот век, зборот ќебап почесто се споменува во персискиот јазик, каде во сочуваните готвачи од тоа време се споменува во смисла месни топчиња од мелено пилешко или јагнешко месо. Во поново време називот се асоцира со шиш-ќебап, кој делумно потекнува од арапскиот збор شواء (shiwa), месо од скара.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако коренот на сегашниот назив за ќебапчиња потекнува од неевропски јазици, ова јадење во Европа е присутно од античко време. Најраната верзија на ќебап се спомнува во Стара Грција, уште во VIII век п.н.е. Јадење од месо во облик на „обелиск“[7] се споменува во Хомеровата Илијада[8], Одисеја[9], како и во делата на Аристофан[10], Ксенофонт[11] и Аристотел[12].

Рецепт[уреди | уреди извор]

Ќебапчињата може да се купат во повеќето месари спремни за печење. Секоја месара како и гостилница има свој рецепт за нивно спремање кој се разликува како според видовите употребено месо, нивниот сооднос, така и од нивните додатоци. Главно се употребува јунешко, свинско и јагнешко месо.

Ќебапчињата може да се подготват и во домашни услови, за што постојат доста различни рецепти[13], [14], [15]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи и забелешки[уреди | уреди извор]

  1. „Ќебапче“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Ќебапче не е деминутив од „ќебап“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „ќебапчилница“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  4. „ќебапчија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  5. Davidson 1999, стр. 429
  6. „Semitic roots of kbb“. The American Heritage Dictionary. 
  7. Obelisksos, Henry George Liddell, Robert Scott, A Greek-English Lexicon, at Perseus project
  8. Homer, "Iliad" 1.465
  9. Wright 1999, стр. 333
  10. Aristophanes, "Acharnians" 1007, "Clouds" 178, "Wasps" 354, "Birds" 388, 672
  11. Xenophon, "Hellenica" HG3.3.7
  12. Aristotle, "Politics" 1324b19
  13. Домашни ќебапи на семрежното место на Мои рецепти
  14. Рецепт за совршени ќебапчиња на семрежното место на Точка
  15. Ќебапчиња на семрежното место на Македонска трпеза

Литература[уреди | уреди извор]

  • Davidson, Alan (1999). Oxford Companion to Food. Oxford: Oxford University Press. стр. 429. 
  • Wright, Clifford A. (1999). A Mediterranean Feast. New York: William Morrow. стр. 333. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]