Љубов и бес (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубов и бес (италијански: Amore e rabbia) - италијанско-француски филм од 1969 година. Филмот е омнибус од неколку посебни делови режирани од: Бернардо Бертолучи („Агонија“), Марко Белокио, Пјер Паоло Пазолини, Жан-Лик Годар, Елда Татоли и Карло Лизани („Рамнодушност“). Во него, режисерите толкуваат неколку параболи од евангелијата.[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Рамнодушност[уреди | уреди извор]

Маж и жена доживуваат сообраќајна несреќа во која жената е тешко повредена и мора итно да биде пренесена на болница. Полицијата запира еден возач и ја става жената во неговиот автомобил, наложувајќи му да го ја однесе кон болницата. Меѓутоа, тој скршнува, го остава автомобилот на улица и бега.

Агонија[уреди | уреди извор]

Еден бискуп е смртно болен и има визија на Господ кој му вели дека залудно го потрошил животот. Во собата во која лежи влегува група мажи и жени (глумци) кои во стилот на „Living Theatre“ ги прикажуваат смртните маки. Најпосле, бискупот умира.

Секвенца со цвет од хартија[уреди | уреди извор]

Младо, наивно момче шета по улиците со цвет од хартија, а околу себе среќава луѓе кои се принудени на макотрпна работа за да преживеат. Во позадината се прикажуваат сцени од воени разурнувања. Најпосле, од небото удира молња која го убива момчето поради неговата безгрижност.

Љубов[уреди | уреди извор]

На една тераса седат маж и девојка разговарајќи за друг пар. Притоа, другиот маж и неговата жена водат разговор за демократијата и револуцијата.

Да расправаме, да расправаме[уреди | уреди извор]

Во еден амфитеатар упаѓа група студенти. Тие ја прекинуваат наставата и бараат реформи на универзитетот, а ним им се спротивставуваат професорите и дел од студентите. На крајот доаѓа полицијата која применува сила врз бунтовните студенти.

Наводи[уреди | уреди извор]