Љубица Дамјановска

Од Википедија — слободната енциклопедија

Љубица Дамјановска (Ресен, 14 јануари 1930) — македонска историчарка на уметноста, значајна за развојот на музејската дејност во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Дамјановска е родена во ресен на 14 јануари 1930 година. Дипломирала на Филозофскиот факултет во Белград во 1953 година. Била кустос во Музејот на современа уметност во Скопје. Автор е на повеќе изложби и монографии за македонските уметници (Димче Коцо, 1972; Вангел Коџоман[1], 1976; Љубомир Белогаски, 1978).

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Вангел Коџоман“ (монографија), „Ѓурѓа“ 2004, Скопје, 64 стр. 16 cm ISBN 9989-920-38-9 [2].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Димовски, Александар. „ВАНГЕЛ КОЏОМАН 1904-2004 СЛИКАР НА МАКЕДОНСКОТО ПОДНЕБЈЕ“. Утрински Весник. Посетено на 2010-01-07.[мртва врска]
  2. „Век од раѓањето на Коџоман Почест за сликарот на пејзажот“. Време. 24 септември 2004. Посетено на 2010-01-07.[мртва врска]