Музеј на современата уметност (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Музеј на современата уметност
Muzej na sovremenata umetnost - Skopje (59).jpg
Поглед на музејот од далечина
Основан 1964
Место Скопје, Македонија Македонија
Тип национален
Директор Елиза Шулевска
Мреж. место msuskopje.org.mk

Музеј на современата уметностмузеј на современата уметност во Скопје е сместен на самиот рид Кале, во непосредна близина на истоимената тврдина, со особена задршка на модернизмот. Изградбата на зградата на Музејот е започната на 5 април 1969 година и е завршена до 13 ноември 1970 година, кога свечено е пуштена во употреба. Градбата преставува донација од страна на Владата на Полска. Денес, овој музеј е единствената установа во Македонија, којашто собира и обработува документација за македонската уметност и прикажува значајни историски филмови.[1] Зградата на музејот била реновирана по прв пат од нејзиното отворање во 1970 година и отворена за посетителите со изложбата „Солидарноста - недовршен проект“ на 22 февруари 2014 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Идејата за формирање на ваков музеј возникнала по земјотресот во 1963 и големиот број на пристигнати уметнички дела, како солидарност од страна на меѓународните организации, музеи и поединци. Со цел да се сместат овие подароци, на 11 февруари 1964 година е донесена одлука за основање на Музејот на современа уметност. Бројот на дарувања и подароци се зголемил во последните неколку години, а во периодот од 1966 до 1970 г. бил изнајмен галериски простор за одржување на изложби. Поради зголемените потреби, во 1969 г., започнала изградбата на новата музејска зграда, којашто била свечено отворена на 13 ноември 1970 година.[3]

Архитектура[уреди | уреди извор]

Зградата на музејот зафаќа вкупна површина од над 5.000 м2, а неа ја сочинуваат три поврзани објекти, во кои се распоредени салите за повремени изложби, просторот за постојана поставка, салата за предавања, библиотека и архива и другите простории. Надворешната површина околу Музејот служи за спроведвање на разни вајарски проекти.[4] Во просториите на музејот се одржуваат изложби, настани поврзани со македонската и странската уметност, трибини, разговори со уметници, филмски прикажување и други културно-уметнички настани. Музејот, исто така, располага со драгоцена меѓународна збирка, која дава претстава за македонската современа уметност.[1]

Претставени уметници[уреди | уреди извор]

Една од галериите на музејот

Меѓу изложените дела, во музејот се претставени разни истакнати уметници на модернизмот и другите уметнички движења на XX век. Меѓу нив се вбројуваат следниве:

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Музеј на современа уметност, staracarsija.mk.
  2. „Реконструираниот Музеј на современа уметност во Скопје ги отвори вратите за посетители“. Билд.мк. 23 февруари 2014. http://www.build.mk/?p=33042. конс. 24 февруари 2014 г. 
  3. Историја, официјално мрежно место на Музејот на современата уметност.
  4. Зграда, официјално мрежно место на Музејот на современата уметност.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]