Прејди на содржината

Јордан Ангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Ангелов
Роден 1925 година
Свети Врач, Царство Бугарија
Народност Македонец

Јордан Христов Ангелов ( 1925 Свети Врач) — македонски активист. Жртва на комунистичкиот режим во НР Бугарија.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Како млад учител во учебната 1947/48 година, тој работел во селото Влахи, каде се поврзал со Герасим Тодоров. Морално и материјално ја потпомагал илегалната чета, а подоцна станал и секретар на илегалното раководство. Бил осуден на доживотен строг и темничен затвор. Во логорите на смртта на островот Персин (Белене) поминал околу четиринаесет години. Важел за умерен подржувач на македонската кауза.[1]

  1. 1 2 Монев, Крум. Зловещата - 1948 год. за Пиринска Македония. Горна Џумаја. стр. 41.