Прејди на содржината

Јакоб Сигизмунд Бек

Од Википедија — слободната енциклопедија

 

Јаков Сигизмунд Бек
Jakob Sigismund Beck
Роден(а)6 август 1761(1761-08-06)
Лисау (Лисево), Полско-литванска Државна Заедница
Починал(а)29 август 1840(1840-08-29) (возр. 79)
Росток, Мекленбург-Штрелиц, Германски Сојуз
УстановаКенигсбершки универзитет
ПериодФилозофија од 18 век
ПодрачјеЗападна филозофија
ШколаПосле Кантски трансцендентален идеализам[1]
Претежна дејност
Епистемологија
Значајни идеи
Наставна гледна точка“ („Standpunctslehre“)[2]

Јакоб Сигизмунд Бек (6 август 1761 - 29 август 1840 година) ― германски филозоф.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бек бил роден во селото Лисау (денешно Лисево) во руралната област Мариенбург (денешен Малборк) во Полско-литванската Државна Заедница во 1761 година. Син на свештеник (од Лисау), студирал (по 1783 година) математика и филозофија на Кенигсбершкиот универзитет, каде што неговите учители биле Кристијан Јакоб Краус, Јохан Шулц и Имануел Кант. По завршувањето на студиите, тој најпрво ја прифатил функцијата наставник во гимназијата во Хале. Со својата теза „Дисертација за Тајлоровата теорема, или за општиот закон, според кој функцијата се менува, означена со променливите од кои тие зависат“ (изворен наслов на латински: Dissertatio de Theoremate Tayloriano, sive de lege generali, secundum quam functionis mutantur, notatis a quibus pendent variabilibus), која ја напишал во Хале, тој се квалификувал како универзитетски предавач. Потоа работел како предавач по филозофија на Универзитетот во Хале (1791–1799), пред да стане професор по филозофија на Ростичкиот универзитет. Тој се посвети на критиката и објаснувањето на доктрината на Кант и во 1793 година го објавил делото „Објаснувачки извадок од критичките списи на проф. Кант, по негов совет“ (Erläuternder Auszug aus den kritischen Schriften des Herrn Prof. Kant, auf Anrathen desselben; Рига, 1793-1796), кое било широко користено како собирок на Кантовата доктрина.[3]

Бек се трудел да објасни одредени противречности кои се наоѓаат во системот на Кант велејќи дека голем дел од јазикот е користен во популарна смисла заради разбирливост, на пр. каде Кант на нештата во себе им припишува постоење во услови на времето, просторот и каузалноста, а сепак смета дека тие го обезбедуваат материјалот на нашите сфаќања. Бек тврди дека вистинското значење на теоријата на Кант е идеализмот; дека познавање на предмети надвор од доменот на свеста е невозможно, и оттука дека ништо позитивно не останува кога ќе го отстраниме субјективниот елемент. Материјата е изведена со првичната синтеза. Слично на тоа, идејата за Бог е симболична претстава на гласот на совеста што води одвнатре. Вредноста на Бековата егзегеза е во голема мера занемарена поради поголемото внимание посветено на работата на Јохан Фихте. Покрај трите тома на Erläuternder Auszug, тој ја објавил „Преглед на критичката филозофија“ „Grundriss der kritischen Philosophie“ (1796), кој содржи толкување на Кантовото дело „Критика“ на начин на Саломон Мајмон.[3]

Бек починал во Росток.

  1. Lior Nitzan, Jacob Sigismund Beck's Standpunctslehre and the Kantian Thing-in-itself Debate: The Relation Between a Representation and its Object, Springer, 2014, стр. 104.
  2. George Di Giovanni, Between Kant and Hegel: Texts in the Development of Post-Kantian Idealism, SUNY Press, 1985, стр. 36–38.
  3. 3,0 3,1  One or more of the preceding sentences вклучува текст од објавено дело кое сега е јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). „Beck, Jakob Sigismund“ . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press.