Ѓурѓовден кај Албанците во Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ѓурѓовден кај Албанците во Република Македонија - е вековен обичај кој се практикува на верскиот празник Ѓурѓовден и се прославува на 6 мај според сегашниот календар. Според традиционалните сфаќања овој празник го означува преминот од зима во лето ,празник на вегетативното обновување на природата. Со низа ритуални дејствија се настојува да се пренесе силата на вегетацијата на (зеленилото) кај луѓето и животните.

Потекло[уреди | уреди извор]

Празникот Ѓурѓовден води потекло од дамнешни времиња кога архаичниот човек не бил во можност да ги толкува феномените поврзани со природата, одговорот тој го побарал во својата бујна и плодна фантазија. Во овој домен тој се служел с разни магиски и обредни дејствија со цел да придонесе за порастот на своите производи од сточарската и земјоделска дејност.  Секоја област населена со албанци во Р Македонија се одликува со богата содржина на обреди и обичаи, како и со различни варијанти поврзани со овој празник.

Во село Речане, Гостиварско е можеби најстарата варијанта на овој празниккој се истакнува со уникатност во однос на празнувањето. Таму се празнува колективно а централната прослава се изведува сред село каде се симулира селска свадба со комични размери проследена со звуци од зурли и тапани. Треба да се напомене дека слични обреди и обичаи за овој празник се јавуваат и кај неалбанското население како што се Македонците и други балкански народи.

Опис на празнувањето[уреди | уреди извор]

Ритуалните дејствија со китење гранчиња од врба и топола се изведуваат во рамките на домовите, стопански објекти, објекти каде се чува стоката (трла), нивите кои се засадени со житни култури крстопат и сл.

Како посебен магиски ареал се издвојува крстопатот, кој во ноќта, односно на полноќ спроти празникот се користи од стари жени за магиски дејствија.

Претходниот ден пред празникот Ѓурѓовден како организатор на активностите кога се берат билки, најчесто гранчиња од топола и врба и се плетат венци и се пеат песни и др.

Истакнато место во обредните дејствија имаат и домаќинката која се грижи за обредните активности околу домот а домаќинот оди на нивите и става во нивите гранчиња тополи за житото да биде исправено и плодно.

И децата меѓусебно се удираат со гранчиња од топола со цел и  верување дека духот на растението ќе влезе кај  нив и преку целата година  тие ќе бидат здрави.

Во однос на обредните објекти се користат венецот, водата, конци, леб, нишалка  и јајцето.

Венецот се става на бутинот за да има стоката повеќе млеко. Со јајцето се допира стоката за да биде поздрав во текот на годината. При изведувањето на ритуалот ги изговарале следните магиски зборови: „Нивата како јајцето, јајцето како нивата“.

Водата како обреден реквизит се користи за прскање на членовите на семејството таа според народната митологија има прочистителна моќ. И конците се употребуваат со маѓиска конотација. Особено во Гостиварско, пред трлото се спушта на земја конци со црна и бела боја. Конецот со црна боја се натрупува со земја  а белиот се извлекува над земјата.

Нишалката се користи за нишање на луѓето и притоа се пеат пригодни песни. И обредниот леб е составен дел на овој празник.

Во некои региони се палат и обредни огнови на празникот Ѓурѓовден.

Нематеријално културно наследство[уреди | уреди извор]

Ѓурѓовден кај Албанците во Република Македонија претставува нематеријално културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење.

Литература[уреди | уреди извор]

  • ALIU Remzi 2006 Folklori dhe traditat në malësinë e sharrit ̊„Јehona e Re“ Tetovë

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]