Ѓувеч

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ѓувеч
Djuvec.jpg
Вид Чорба
Дел од оброкот Ручек

Ѓувеч (турски: güveç, бугарски: гювеч, босански: đuveč, српски: ђувеч) е турска, романска и балканска чорба од месо и зеленчук, налик на француската чорба наречена рататуј. Се подготвува од месо, маслинки, домати, печурки, кромид, билки, и зачини, и најчесто се служи со мешана салата.

Од месо, моќе да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави. Од зеленчук се користи: кромид, домати, пиперки, тиквичка, модар патлиџан, грашок, компири, моркови. Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.[1]

Зборот ѓувеч, доаѓа од турското güveç, што претставува еден вид на овален земјен сад.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]