Ѓорѓи Попстефанов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ѓорѓи Попстефанов
Лични податоци
Цело имеЃорѓи Попстефанов
Роден19 јули 1987(1987-07-19)(36 г.)
Скопје, Македонија
Податоци за клубот
Мом. клубМетра/Сајклс 54 Сајклинг Тим
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Аматерски клубови
Енерџи Сајклинг Македонија
Професионални клубови
Екипе СМИ
Значајни победи
Еднодневни трки и класици
Национален друмски првак (2010, 2016)
Последна промена
13 март 2017

Ѓорѓи Попстефанов (р. 19 јули 1987 во Скопје) — македонски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за американската екипа Метра/Сајклс 54 Сајклинг Тим.

Во 2010 година станал македонски друмски првак.[1] Во 2016 година повторно го освоил националното друмско првенство.[2]

Учествувал на Светското друмско првенство 2014 и 2015 година, настапувајќи за репрезентација на Македонија.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ѓорѓи со своето семејство се преселил од Македонија во САД на двегодишна возраст. Средното училиште го завршил во Вест Оринџ, Њу Џерси во 2005 година, додека дипломирал на универзитетот „Џорџ Вашингтон“ на насоката меѓународни односи во 2009 година, каде бил член на веслачкиот клуб. Станал првиот стипендист за меѓународна политика и дипломатија на организацијата Обединета македонска дијаспора од 2008 до 2009 година и асистент за странски односи во рамките на кабинетот на Претседателот на Македонија во 2010 година.[3] До мај 2013 година ги завршил магистерските студии по меѓународно право на правната школа на Универзитетот Сетон Хол.

Кариера[уреди | уреди извор]

Првото зачленување во некој клуб му било во текот на 2010 година. Истата година настапил и на својот прв официјален натпревар, на трката Куманово-Кратово-Куманово.[4]

Во 2010 година, Ѓорѓи за првпат станал национален друмски првак. Истиот овој успех го повторил и во 2016 година.

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2010 — Енерџи Сајклинг Македонија
1. Национално друмско првенство
2012 — Метра/Сајклс 54
2. Критериум Огаста
2. Гарден Стејт Куп (екипен пласман)
2. Државно првенство (екипен хронометар)
3. Критериум Гринбелт
6. Гарден Стејт Куп (поединечен пласман)
2013 — Метра/Сајклс 54
1. ББП Ронде вон Елвод
1. Гарден Стејт Куп (екипен пласман)
2. Патека Централ Парк
3. Хронометар Палисад
3. Хронометар Лонг Мидоу
4. Пролетна серија Њујорк (поединечен пласман)
2014 — Метра/Сајклс 54
1. Гарден Стејт Куп (екипен пласман)
2. Краен пласман Рут 29
2. Критериум Огаста
3. Екипен предизвик Њу Џерси
2016 — Енерџи Сајклинг Македонија
1. Национално друмско првенство

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Национални првенства, Македонија 2010, [1], 3 јуни 2011
  2. „Резултати“. Велосипедска федерација на Македонија. Скопје. 27 јуни 2016. Посетено на 27 јуни 2016.
  3. „Ѓорѓи Попстефанов: Македонецот којшто ја претстави Македонија на Richmond 2015, светското првенство во велосипедизам“. Точка. Скопје: Точка.ком. 28 септември 2015. Посетено на 23 октомври 2015.
  4. „Дипломатот кој ја претставуваше Македонија на Светско во велосипедизам“. Off.net.mk. Скопје. 13 март 2017. Посетено на 13 март 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]