Ѓорѓија Ливрински
Ѓорѓија Ливрински | ||
![]() | ||
Роден | 1925 година Чучер, Скопско, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 1944 година Облавце, Кумановско, Македонија под фашистичка окупација |
Ѓорѓија Стојков Ливрински ( 1925 во Чучер, Скопско ― 1944 во Облавце, Кумановско) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1][2]
Животопис[уреди | уреди извор]
Произлегува од сиромашно семејство. 3авршил основно училиште па продолжил да се занимава со земјоделство.[1] На 19 јуни 1944 година стапил во Третата македонска ударна бригада. Се пројавил како примерен борец. Учествувал во многу борби против бугарскиот фашистички окупатор. Во секоја од нив впечатливо се истакнувал, како одлучен и смел борец. Но, во една крвава борба против бугарската фашистичка полиција, храбро загинал кај Облавце, Кумановско во 1944 година. Посмртните останки му биле пренесени и закопани во Бутел.[1][2]