Прашалник

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ?)
?

Интерпункција

апостроф ( ' )
загради ( ( ) ), ( [ ] ), ( { } ), ( < >)
две точки ( : )
запирка ( , )
црта ( , , , )
три точки ( , ... )
извичник ( ! )
точка ( . )
закосени наводници ( « » )
цртичка ( -, )
прашалник ( ? )
наводници ( ‘ ’, “ ” )
точка и запирка ( ; )
коса црта ( / )
знак ⁄ ( )
Одделување на зборови
празно место ( ) () () ( ) () () ()
интерпункт ( · )
Општа типографија
амперсанд ( & )
знак ет ( @ )
ѕвездичка ( * )
обратна коса црта ( \ )
потточка ( )
карета ( ^ )
валута општ: ( ¤ )
особени: ฿, ¢, $, , , £, , ¥, ,
крст ( , )
степен ( ° )
превртен извичник ( ¡ )
превртен прашалник ( ¿ )
тараба ( # )
знак за нумеро ( )
реден показател (º, ª)
отсто и сл. ( %, ‰, )
нов ред ( )
прим ( )
отсечок ( § )
тилда ( ~ )
преглас ( ¨ )
долна црта ( _ )
вертикална/испрекината црта ( |, ¦ )
Необична типографија
астеризам ( )
индекс ( )
знак ∴ ( )
знак ∵ ( )
интеробанг ( )
знак за иронија ( ؟ )
ромб ( )
знак за референца ( )

Прашалник (?) — интерпункциски знак кој се користи за бележење на прашална интонација, односно повишување на тонот од ниска кон повисока точка. Прашалникот не се користи за бележње на прекажани директни прашања.

Употреба[уреди | уреди извор]

Прашалник се употребува во следните случаи:[1]

  • на крајот од прашалната реченица во чијшто состав има прашални зборови или изрази (на пр. Ќе дојдеш ли утре кај мене?);
  • на крајот од алтернативно прашање со сврзникот „или“ (на пр. Ќе дојдеш или не?);
  • на крајот од прашална реченица што не содржи прашален збор или израз (на пр. Ќе дојдеш кај мене?);
  • сред реченица доколку се однесува на конкретен збор или нејзин дел, а зборот по прашалникот се пишува со мала буква (на пр. Што ќе се случи со ова на крајот?, ќе издржиме ли? ќе истраеме ли?);
  • на крај или во средина на реченица, по прашање преземено од директен говор (на пр. Го прашаа: „Ќе останете ли по настапот на забавата?“ – а тој само одмавна со главата.);
  • во состав на реченица за да се изрази несигурност, неверување, сомневање, несогласување и сл. во врска со содржината вметната во загради или со содржината пред прашалникот вметнат во загради (на пр. На тоа место ќе изградат две (три?) згради; Рече дека утре (во среда?) ќе прави забава; Професорката ни најави тест (?) уште во првата недела.); и
  • самостојно, без зборовен состав, при што зборовната содржина се подразбира од контекстот.
На пример:
– Ќе дојдеш на забавата?
– ?
– Кај Ненад, утре?
– ??
– Зарем не знаеш, никој ли не те викна?
– ???

Прашалник може, но не мора, да се употреби во следните случаи:[1]

  • во наслови на уметнички дела или медиумски содржини (на пр. За кого бијат камбаните; Чија си; Ќе се намали ли загаденоста во главниот град?); и
  • на крајот од реторички исказ или исказ со нагласен личен став (на пр. Пак истата песна? Како така наеднаш се растури таквата дружба.).

Прашалник се употребува заедно со извичник во случаите кога:[1]

  • се врши зголемување на изразноста на прашалната содржина и изразување зачуденост, така што, во зависност од тоа што се нагласува — прашањето или зачуденоста — прашалникот и извичникот си ги менуваат местата (на пр. Сите доаѓаат?! Вистина зборуваш?! Ќе учиш да плетеш!? Го исекле дрвото во дворот!?); и
  • се врши искажување желба или поттик за вршење (или невршење) некое дејство (на пр. Да се јавиме до дома!?).

Прашалник не се употребува во случај кога:

  • на крајот од исказна реченица во која се прекажува содржина на директно прашање (на пр. Тој праша дали ќе одиме на забавата. Се прашувам дали ќе дојдат сите.).

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Прашалник (?)“. Македонски јазик и литература. Посетено на 30 ноември 2018.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]