Kiss (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Kiss

Kiss, 2013: лево кон десно: Џин Симонс, Пол Стенли, Ерик Сингер и Томи Тајер
Биографски податоци
Потекло Њујорк Сити, Њујорк, САД
Жанрови Хард рок, хеви метал, глам метал
Период на активност 1973 — денес
Издавачи Casablanca, Mercury, Sanctuary, Columbia
Соработници E.S.P., Frehley's Comet, Union, Vinnie Vincent Invasion, White Tiger, Wicked Lester
Мреж. место www.kissonline.com
Членови
Пол Стенли
Џин Симонс
Томи Тајер
Ерик Сингер
Поранешни членови
Питер Крис
Ејс Фрели
Ерик Кар
Вини Винсент
Марк Џон
Брус Кулик

Kiss (се чита: кис) е американска рок група формирана во Њујорк Сити во јануари 1973. Групата се здобила со многу слава и признаеност во средината на 1970-тите и се лесно препознатливи по шминканите лица и сценските одела, како и разни сценски изведби. Досега, Kiss добиле 34 златни албуми.[1]. Групата продала преку 80 милиони албуми низ целиот свет.[2]

Првичниот состав, Пол Стенли (ритам гитара и вокали), Џин Симонс (бас и вокали), Ејс Фрели (водечка гитара и вокали) и Питер Крис (тапани и вокали), е најуспешниот и најпрепознатливиот. Со нивните шминки и костуми, станале како ликови од стрип: The Demon (Демонот) (Симонс), Starchild (Ѕвездено дете) (Стенли), Space Ace (Вселенски ejс) (Фрели) и The Catman (Човекот-мачка) (Крис).

Денес групата изведува со Пол Стенли и Џин Симонс од првичниот состав, и Томи Тајер и Ерик Сингер.

Биографија[уреди]

Поранешни членови се Брус Кулик, Ерик Кар, Марк Џон,Вини Винсент, Ејс Фрели, Питер Крис а денес настапуваат во следната постава: Пол Стенли, Џин Симонс, Ерик Сингер, Томи Тајер. Кис имаат издадено 45 златни албуми со што го имаат срушено рекордот на Битлси. Еден албум се продавал по огромен тираж, околу 110 милиони примероци. Лесно се препознаваат по своите шминки на лицето, и големите количества пиротехника што ги употребуваат за време на концертите. Со нивните шминки изгледаат како ликови од стриповите: The Demon (Џин Симонс), Starchild (Пол Стенли), Spaceman (Ејс Фрели), The catman (Питер Крис). Пред КИС, Џин Симонс и Пол Стенли ја формирале групата Wicked lester, со која имаат издадено еден албум, но не постигнале голем успех. Затоа тие ја формирале групата КИС, која интересно пред тоа требало да се вика ФАК, но за среќа, Пол Стенли извикал What about KISS?. Сите се согласиле, а за името бил инспириран од песната Looking for a KISS од New York Dolls. На аудицијата за гитарист, се појавил и дотогаш непознатиот ван Хелен, но сепак гитарист на групата станал Ејс Фрели, кој се појавил на аудицијата со две различни патики, кој го создал и логото на бендот KISS (двете SS се како ZZ наопаку).

Првата изведба на КИС се случила на 30 јануари 1973, во Popcorn club. Во март истата година, бендот снимил 5 демо снимки со продуцентот Еди Крамер. Поранешниот ТВ директор Бил Аукен кога ги видел КИС, и бил воодушевен од нив, предложил да стане нивни менаџер во средината на октомври, а КИС се согласиле. КИС во Bell Sound Studios во Њујорк на 10 октомври, 1973 и почнале со снимање на нивниот прв албум. Првата нивна турнеа почнала на 5 февруари, 1974 во Едмонтон, Алберта, Канада. Првиот нивни албум кој бил насловен како KISS, бил издаден на 18 февруари. На 19 февруари, КИС ја изведоа "Nothin' to Lose", "Firehouse", и "Black Diamond" за нивното прво појавување на националната телевизија, на ABC's Dick Clark's In Concert.На 29 април, бендот ја извеле "Firehouse" во шоуто на Мајк Даглас. Првиот албум Kiss го продале со само 75,000 примероци поради што почнале да губат пари, па го создале албумот Hotter than Hell. Но, и овој албум бил со слаб тираж, па со Dressed to kill, издаден на 19 мај достигнале голем успех.

Од тогаш КИС имаат голем успех, имаат издадено 45 албуми по тираж од околу 120.000.000 примероци. До 1983 никој незнаел кој се крие под шминките и оклопите на легендарната група. Тогаш КИС за прв пат, на 18 септември се појавиле без шминки на MTV, кога го издале нивниот нов албум LICK IT UP. на 28 февруари 1996, Тупак Шакур, ја поставил оригиналната постава на КИС, денот на реунијата на КИС. Во 2002 Томи Тајер го менува Ејс Фрели, а уште во 1991, по смртта на легендарниот тапанар Ерик Кар, на негово место бил поставен Ерик Сингер, поранешен член на Алис Купер, Black sabbath, Lita Ford. Пред реунијата Ејс Фрели бил заменет со Марк Џон(1956-2007), а потоа во 1984 бил заменет од Брус Кулик, кој свирел се до реунијата на Kiss во 1996. Најновата турнеја на КИС, е во 2008 насловена како KISS WORLD TOUR 2008.

Рани години[уреди]

Логото на Kiss

Корените на КИС водат од групата Wicked Lester њујоркшки рокенрол бенд кој го воделе Џин Симонс и Пол Стенли. Симонс и Стенли ги отпуштиле другите членови на групата откако Епик Рекордс го одбил албумот кој го снимала групата. Кон крајот на 1972 Симонс го забележал огласот во списанието Ролинг Стон кој го поставил Питер Крис. Крис (роден као Питер Крискула 20. декембври 1945. во Бруклин, Њујорк) дошол на аудиција и се придружил на Викед Лестер, кој тогаш станал трио. Во јануари 1973, на групата се придружува соло гитаристот Пол ”Ејс” Фрели (роден на 27 април 1953, во Бронкс, Њујорк) откако групата била импресионирана од неговата аудиција. Тој месец, името Викед Лестер е сменето и групата станува Кис. Стенли е заслужен за името и логото, додека Фрели дошол за идејата буквите ”SS” да изгледаат како громови, бидејќи така изгледало по кул.

Успех[уреди]

Кис сакале да го доловат чувството од концертите па го снимиле својот прв албум во живо насловен како ALIVE!, снимен 10 септември 1975 година, а со песната „Rock n roll all nite“ - верзија во живо, Кис имале голем успех бидејки песната се искачила меѓу првите на топ 40 листата. Тоа била првата верзија на Rock n roll all nite со гитарско соло. Следејќи го успехот, Kiss го продолжиле партнерството со продуцентот Боб Езрин, кој претходно работел и со Алис Купер. Резултатот бил албумот "DESTROYER" (снимен 15 март, 1976), со кој постигнале најголем успех.

Во октомври 1976, Кис се појавиле на The Paul Lynde Halloween Special, изведувајќи ги "Detroit Rock City," "Beth," и "King of the Night Time World". За многу тинејџери, ова било нивното прво изложување на драматичното појавување на Kiss. Шоуто било производтсво на Bill Aucoin. Два нови успешни студиски албуми биле снимени за помалку од година—Rock and Roll Over (11 Ноември, 1976) и Love Gun (30 јуни, 1977). Вториот албум во живо, Alive II, бил снимен 29 Ноември, 1977. Сите три албуми биле потврдени како платинести брзо после нивното снимање. Меѓу 1976 и 1978, Kiss собрале 17.7 милиони долари од снимените албумите и концертите. Во 1977 Gallup poll ги именувал КИС за најпопуларен бенд во Америка. Во Јапонија, Kiss извеле пет распродадени шоуа во Budokan Hall, со што го срушиле рекордот од 4 на Битлси. Првиот албум со двоен платинест тираж бил издаден на 2 април, 1978. Фановите на КИС почнале да се нарекуваат KISS ARMY. Меѓу 1977 и 1979 KISS заработиле 100 милиони долари.

Соло кариери[уреди]

По снимањето на ALIVE II KISS издале 4 соло албуми од членовите на KISS, каде што имале можнст да ги искажат своите сопствени квалитети, и музички вкусови поразлични од KISS. Пол Стенли и Ејс Фрели издале успешни албуми со хард рок музика, а песните од aлбумот на Питер Крис биле балади. Албумот на Џин Симонс бил најразновиден имало хард рок, балади, поп во стилот на Битлси, а една од попознатите песни од неговиот албум е „When You Wish upon a Star“ (песна од филмот Пинокио). Соло албумите биле снимени на 18 септември 1978.

Членови[уреди]

Некогашни членови[уреди]

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Kiss.

Шминка[уреди]

Белешки[уреди]

  1. "Artist Tallies". Billboard. [Посетена на 28 октомври 2007.]
  2. Falina, Melanie."Kiss My Asshole: Tongue-Wagging Gene Simmons Summons the Kiss Army". Chicago Innerview. [Посетена на 30 јули 2006.]