Пол Стенли

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Пол Стенли
Paul Stanley
Биографски податоци
Родено име Стенли Харви Ајзен
Stanley Harvey Eisen
Роден(а) 20 јануари, 1952
Потекло Квинс, Њујорк, САД
Жанрови Хард рок, хеви метал
Занимања Пејач, текстописец, музички продуцент, сликар, глумец
Инструменти Вокали, гитара, бас и тапани
Период на активност 1970 - сѐ уште
Издавачи New Door Records/Universal Music Group
Соработници Kiss и Wicked Lester
Мреж. место Official website
KISS Online
Значајни инструменти
Ibanez PS10
Washburn PS2000
Silvertone Paul Stanley Signature Models
Ibanez Iceman
Gibson Flying V

Стенли Харви Ајзен (англиски: Stanley Harvey Eisen) (роден на 20 јануари, 1952 во Квинс, Њујорк), попознат по неговото сценско име Пол Стенли (Paul Stanley), е американски хард рок гитарист, пејач и фронтмен на рок-групата Kiss. Познат е како Starchild (Ѕвездено дете) поради својата шминка што ја носи на настапите со Kiss. Тој пишувал и текстови за песни а напишал и текстови за многу хитови на овој бенд како на пример песните "Let's Put The X In Sex","Everytime I Look At You","Love Gun","Detroit Rock City," "Rock and Roll All Nite," "Hard Luck Woman," "I Was Made for Lovin' You," "Crazy Crazy Nights," "Forever"...........

Пред "Wicked Lester" Пол Стенли бил во два други локални бендови, Rainbow(Не е тоа истата група на Ричи Блекмур) и Uncle Joe. Преку неговиот пријател Џин Симонс тој се придружува на групата на Џин "Wicked Lester". Во 1971 го снимиле првиот албум со Wicked Lester но тој албум никогаш не бил официално издаден. Поради неуспехот со овој бенд Џин Симонс и Пол Стенли им дале отказ на останатите членови на бендот и почнале да бараат нов тапанар и гитарист. Така на бендот се придружиле Ејс Фрели и Питер Крис и бендот го именувале Кис.