1. ФК Унион Берлин

Од Википедија — слободната енциклопедија
1. ФК Унион Берлин
Logo
Целосно име1. ФК Унион Берлин е. В.
ДржаваГерманија Германија
ПрекарDie Eisernen
Основан20 јануари 1966; пред 58 години (1966-01-20)
ЛокацијаБерлин, Германија
Бои          црвена и бела
СтадионАн дер Алтен Форстереи
Капацитет22,012
ПретседателГерманија Дирк Цинглер
ТренерШвајцарија Урс Фишер
ЛигаБундеслига Бундеслига
2021–22Бундеслига, 5-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

1. ФК Унион Берлин (германски: 1. FC Union Berlin; или само Унион Берлин) — германски фудбалски клуб од Кепеник, Берлин. Во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал.

Клубот е основан под сегашното име во 1966 година, но неговото постоење може да се проследи уште од 1906 година, кога била основана екипата ФК Олимпија Обершеневајде претходникот на денешниот Унион Берлин. Најголемиот дел од својата историја Унион Берлин ја поминал играјќи во регионалните лиги, сè до 2001 година кога за првпат избориле промоција во 2. Бундеслига. Сепак, таму се задржале само три сезони по што дошло до стрмоглав пад на клубот и две испаѓања по ред по што се нашле во Оберлигата во сезоната 2005-2006, во која избориле промоција и повторно се вратиле во регионалните лиги. Од 2008 година клубот учествувал во новоформираната третата лига и станал првиот нејзин победник во сезоната 2008-2009, со што избориле промоција и враќање во 2. Бунделига по пет сезони. Во следните 10 години Унион Берлин бил редовен учесник на 2. Бундеслига, сè до нивната прва историска промоција во 1. Бундеслига во сезоната 2018-2019 под водството на сегашниот тренер швајцарецот Урс Фишер.

Својте домашни натпревари Унион Берлин ги игра на стадионот Ан дер Алтен Форстереи, кој е најголемиот еднонаменски фудбалски стадион во главниот град на Германија.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Обновено на 15 август 2019 [1]
Бр. Позиција Играч
1 Полска ГМ Рафал Гикиевич
3 Србија ОД Невен Суботиќ
5 Германија ОД Марвин Фридрих
6 Норвешка СР Јулијан Рајерсон
8 Германија СР Џошуа Мес
9 Германија НП Себастијан Полтер
10 Шведска НП Себастијан Андерсон
11 Германија СР Акаки Гоџа
12 Данска ГМ Јакоб Буск
13 Нигерија НП Антони Уџа
14 Германија ОД Кен Рајхел
15 Германија НП Мариус Билтер
16 Германија НП Лауренц Дел
17 Австрија НП Флоријан Флекер
18 Германија ОД Николај Рап
19 Германија ОД Флоријан Хубнер
20 Нигерија НП Сулејман Абдулахи
Бр. Позиција Играч
21 Германија СР Гриша Промел
23 Германија СР Феликс Крос
24 Германија СР Мануел Шмидбах
25 Германија ОД Кристофер Ленц
26 Германија СР Јулиус Каде
27 Холандија НП Шералдо Бекер
28 Австрија ОД Кристофер Тримел
29 Германија ОД Михаел Паренсен
30 Германија СР Роберт Андрих
31 Германија ОД Кевин Шлотербек
32 Данска НП Маркус Ингвартсен
33 САД ОД Ленард Малоуни
34 Германија СР Кристијан Гентнер
35 Германија ГМ Мориц Николас
36 Турција СР Џихан Карман
40 Германија СР Морис Опферман

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Profis Saison 2016/17“ (германски). 1. FC Union Berlin. Посетено на 6 July 2019.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]