Фуша

Координати: 40°26.31′N 20°51.32′E / 40.43850° СГШ; 20.85533° ИГД / 40.43850; 20.85533
Од Википедија — слободната енциклопедија
Фуша
Περιστερά
Фуша is located in Грција
Фуша
Фуша
Местоположба во областа
Фуша во рамките на Нестрам (општина)
Фуша
Местоположба на Фуша во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°26.31′N 20°51.32′E / 40.43850° СГШ; 20.85533° ИГД / 40.43850; 20.85533
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000010610000001.061 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Фуша или Фусија (грчки: Φούσια или Φούσα, Фуса; влашки: Fusa; албански: Fushëz/Fushëza) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во северното подножје на планината Грамошта, околу 5 км западно од Јановени и исто толку северозападно од Омотско. Лежела крај изворот на една од притоките на реката Белица.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

На почетокот на XVIII век Фуша било влашко село в Костурската каза. Уништено е во времето на Али-паша Јанински и во него потоа се населиле Албанци муслимани.[2] За време на Илинденското востание селото е панаднато од големата чета на Васил Чакаларов кој водел борба со тамошниот башибозук.[3] По Втората балканска војна во 1913 г. Фуша е припоена кон Грција.

По Првата светска војна жителите се иселиле и селото се запустило.[2]

За време на Грчката граѓанска војна во 1946 г. во Фуша е изградена воената црква „Св. Атанасиј“, обновена во 1997 г.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 46.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Γιαννοχώρι - Λιβαδοτόπι“. Ελλάδος Περιήγηση. Посетено на 23 декември 2015.
  3. Дневник на Киряк Шкуртов, во: Дневници и спомени за Илинденско-Преображенското въстание, Издателство на Отечествения фронт, София, 1984, стр. 65.