Ново Село (Костурско)

Координати: 40°32′N 21°1′E / 40.533° СГШ; 21.017° ИГД / 40.533; 21.017
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ново Село
Κορφούλα
Ново Село is located in Грција
Ново Село
Ново Село
Местоположба во областа
Ново Село во рамките на Нестрам (општина)
Ново Село
Местоположба на Ново Село во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°32′N 21°1′E / 40.533° СГШ; 21.017° ИГД / 40.533; 21.017
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаАкритес
Надм. вис.&10000000000000940000000940 м
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Ново Село или Новоселјани (грчки: Κορφούλα, Корфула; до 1928 г. Νοβοσέλο, Новосело[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Нестрам на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало на рид околу 30 км западно од градот Костур, во непосредна близина на границата со Албанија, во подножјето на планината Гал‘мбица, на надморска височина од 940 м.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во Отоманското Царство[уреди | уреди извор]

Селото било подигнато на рид во втората половина на XIX век од еден албански големопоседник, па оттука го носи името Ново Село. Селото постепено пораснало.[2]

Во XIX век Ново Село било македонско село во Костурската каза на Горичкиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Новоселјани имало 150 жители, од кои 100 Македонци и 50 Турци. К‘нчов исто го запишал селото Ново Село со 174 Албанци муслимани.[3][4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Новоселани се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 20 куќи.[5]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ново Село имало 160 Македонци под Бугарската егзархија.[4][6]

Според грчки извори, во 1905 г. во Ново Село имало 100 жители „Грци“.[7] Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 13 македонски семејства.[4][8]

Во Грција[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 85 жители, кои во 1920 г. биле 71.[2] Во 1926 г. името му е променето во Корфула (Κορφούλα). Во 1928 г. Ново Село имало 87 жители, од кои само еден бил грчки доселеник. Имало девет политички убиства.[7]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) во 1921 г. напишал дека во Ново село имало 10 куќи на словени (Македонци) христијани.[2]

Во 1940 г. населението бележело 151 жител, сите Македонци. Селото подоцна се распаднало за време на Грчката граѓанска војна, и неговите жители главно заминале во Македонија и во некои источноевропски земји, а голем број се иселиле и во прекуокеанските земји.[2] 35 деца од селото биле протерани како деца бегалци.[7]

Останале само 16 жители, кои не им било дозволено од властите да се вратат и селото денес лежи во урнатини.[2]

Од селото денес е преостаната само црквата „Св. Архангел Михаил“.[9]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Πανδέκτης: Novoselo -- Korfoula“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-09-24.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 35.
  3. „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.43“. macedonia.kroraina.com. Посетено на 2023-09-24.
  4. 4,0 4,1 4,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.180-181.
  7. 7,0 7,1 7,2 „Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Korfoula“. Архивирано од изворникот на 2007-07-26.
  8. Бистрицки, Българско Костурско, Ксанти, 1919, стр. 8.
  9. „ΔΥΤΙΚΗ ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ - Καστοριά - Φλώρινα - Καλή Βρύση - Διποταμία - Μεσόβραχος - Χιονάτο - Κομνηνάδες - Κρυσταλοπηγή - Γράμμος 7ο από 8“. www.elladosperiigisis.gr. Посетено на 2023-09-24.