Моноковач

Координати: 40°26′N 21°2′E / 40.433° СГШ; 21.033° ИГД / 40.433; 21.033
Од Википедија — слободната енциклопедија
Моноковач
Моноковач is located in Грција
Моноковач
Моноковач
Местоположба во областа
Моноковач во рамките на Нестрам (општина)
Моноковач
Местоположба на Моноковач во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°26′N 21°2′E / 40.433° СГШ; 21.033° ИГД / 40.433; 21.033
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Моноковач — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во денешниот атар на Стенско.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Моноковач било големо македонско село кое било напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Според преданието неговите жители биле ковачи и се занимавале со потковување на товарен добиток, но со текот на времето Нестрам се развил како економски центар, така што повеќето од жителите на Моноковач го напуштиле селото и заминале за Тесалија, а дел од нив го основале денешното село Стенско, за кое се смета дека е понова населба.[1][2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 33.
  2. Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 44.