Личотер

Координати: 40°22.59′N 20°59.52′E / 40.37650° СГШ; 20.99200° ИГД / 40.37650; 20.99200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Личотер
Περιστερά
Личотер is located in Грција
Личотер
Личотер
Местоположба во областа
Личотер во рамките на Нестрам (општина)
Личотер
Местоположба на Личотер во Костурскиот округ и областа Западна Македонија
Координати: 40°22.59′N 20°59.52′E / 40.37650° СГШ; 20.99200° ИГД / 40.37650; 20.99200
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостурски
ОпштинаНестрам
Општ. единицаНестрам
Надм. вис.&100000000000010610000001.061 м
Население
 • Вкупноиселено
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Личотер или Лисотер (грчки: Περιστερά, Перистера или Περιστεριά, Перистериja; до 1928 г. Λίτσιστερ, Лицистер,[1] Λιτσοτέρι, Лицотери) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција. Од селото денес останала само црквата „Св. Никита“.

Географија[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓало во областа Нестрамкол, 27 км југозападно од градот Костур и 5 км западно од општинското седиште Нестрам. Лежело во северните пазуви на планината Грамошта, на Личотерска Река, притока на Бистрица.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Личотер во минатото било македонско село, кое се растурило за времето на Али-паша Јанински. Подоцна, на негово место е подигната колибарска сточарска населба во која се сместиле Грци Качауни, и било толку незабележително што не се споменува во постарите статистики.[2] Кон крајот на XIX век Личотер било село во Костурската каза. По Втората балканска војна во 1913 г. селото било припоено кон Грција, и истата година во него се попишани 89 жители.[2] Во 1928 г. властите го преименувале во Перистера,[3] кога имало население од 104 лица. Во 1940 г. се населението бележело 114 жители, но подоцна се распаднало за време на Грчката граѓанска војна и денес не постои.

Од селото денес е преостаната само црквата „Св. Никита“.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λίτσιστερ -- Περιστεριά
  2. 2,0 2,1 2,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 29.
  3. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  4. „Ο ναός του Αγίου Νικήτα στο εγκαταλειμμένο χωριό „Λιτσοτέρι" Νεστορίου“. Φως της Καστοριάς. 14 септември 2013. Посетено на 30 јули 2015.