Фонсека (марка на пури)
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Фонсека (шпан. Fonseca) е име на две марки на висококвалитетни пури, едната кубанска (Хабанос СА), а другата доминиканска (МАТАСА).
Содржина |
Историја [уреди]
Дон Франциско Е. Фонсека основал фабрика и своја марка на пури во Хавана во 1892, и ја регистрирал марката со своето име во 1907. Неговите пури набргу станале успешни и Дон Франциско почнал со иновативни практики како обвиткување на пурите во фини јапонски хартиени марамчиња (како што се и денес) и нивно пакување во лимени туби (денешните туби се алуминиумски). Неговата жена, Доња Тереза Бетишер продолжила со дејноста по смртта на Дон Франциско во 1930 и ја споила марката со Т. Кастањеда и Г. Монтеро и со тоа настанала фирмата Кастањеда, Монтеро, Фонсека СА.
Прозивдоството се одвивало непрекинато по револуцијата и овие пури сѐ уште се произведуваат во фабриката Лазаро Пена во Хавана. Како марка, Фонсека е релативно блага, по цена поевтина од највеќето кубански пури и највече се пласира во Шпанија и Канада, каде таа е особено популарна.
Витоли на кубанската Фонсека [уреди]
Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Фонсека со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).
Рачно-изработени витоли
- No. 1 - 6 3/8" x 44 (162 x 17.46 mm) Cazador, лонсдејл
- Cosaco - 5 3/8" x 42 (135 x 16.67 mm) Cosaco, корона
- KDT Cadete - 4 1/2" x 36 (115 x 14.29 mm) Cadete, тре пети корона
Машински-изработени и рачно-довршени витоли
- Delicia - 4 7/8" x 40 (123 x 15.87 mm) Standard, тре пети корона
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Официјален веб-сајт на Хабанос С.А. (англиски) (шпански)
- Критики на пурите на Фонсека (англиски)
|
||||||||||||||||

