Панч (марка на пури)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Панч

Панч (англ. Punch) е име на две марки на високвалитетни пури, една кубанска (Хабанос СА), а друга хондурска (Џенерал Сигар).

Историја[уреди]

Марката Панч за прв пат е регистрирана во 1840 од германецот по име Стокман кој ја именувал по европскиот куклен лик Панч (а не списанието, кое е создадено следната година). Марката набргу станала успешна, особено во Велика Британија. Првата промена на сопственикот се случила во 1874, кога марката ја купил Луис Корухо, а потоа во 1884, кога купувачот бил Мануел Лопез Фернандез, и лентичките и кутиите го носат неговото име и денес. Лопез се пензионирал во 1924 и накратко потоа умрел, па ја предал фирмата на Есперанца Ваље Комас, која ја имала само неколку години пред падот на берзата во 1929.

Како највеќето други стопански дејности низ светот, кубанската тутунска индустрија се соочила со финансиски кризи. Во 1930 фирмата Фернандез, Палисио и Др. ја купиле марката, и таа станува една од нивните главни марки, заедно со Белинда, Ла Ескепсион, и Хојо де Монтереј, и ја задржува својата популарност кај британските потрошувачи.

По ставањето на ембарго врз Куба од страна на САД, Фернандо Палисио се преселил на Флорида, каде потоа ги продал неговите линии на Френк Љанеза и Ден Блументал од фирмата Виљазон & Др., која продолжила да прави Панч, Хојо де Монтереј, и Белинда од хондурски тутун за американскиот пазар.

По национализацијата во Куба, Панч ја задржува својата популарност како мултилокално-пласирана марка. Меѓу познавачите, епонимните Punch, Double Corona, Churchill и Super Selection No. 2 се особено ценети и барани формати.

Панч произведува и две машински-изработени цигариљоси: Cigarritos и Cigarritos Reserva.

Хабанос СА сѐ уште го немаат избрано Панч за нивната Edición Limitada, но во 2006 марката доживува посебно издание Edición Regional: робусто пуштено во продажба само во Швајцарија.

Витоли на кубанскиот Панч[уреди]

Кутија Панч Punch

Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Панч со нивните димензии во англиски и метрички систем и нивните vitolas de galera (фабрички имиња).

Рачно-изработени витоли

  • Double Corona - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Churchill - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Punch - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, торо
  • Royal Selection No. 11 - 5 5/8" x 46 (143 x 18.26 mm) Corona Gorda, торо
  • Royal Selection No. 12 - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • Super Selection No. 1 - 6 1/8" x 42 (155 x 16.67 mm) Corona Grande, долга корона
  • Corona - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Petit Corona del Punch - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Mareva, пети корона
  • Petit Punch - 4" x 40 (102 x 15.87 mm) Perla, тре пети корона
  • Margarita - 4 3/4" x 26 (121 x 10.32 mm) Carolina, цигариљо

Мапински-изработени и рачно-довршени витоли

  • Royal Coronation - 5 3/4" x 44 (145 x 17.46 mm) Conserva, корона
  • Coronation - 5 1/8" x 42 (129 x 16.67 mm) Petit Corona, пети корона
  • Petit Coronation - 4 5/8" x 40 (117 x 15.87 mm) Coronita, тре пети корона
  • Cigarillo - 4 1/8" x 29 (106 x 11.51 mm) Chico, цигариљо

Edición Regional Release

  • Robusto - 4 7/8" x 50 (124 x 19.84 mm) Robusto, робусто или ротшилд

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]