Гвантанамера (марка на пури)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Гвантанамера (шпан. Guantanamera) е марка на кубански пури (Хабанос СА).

Логото на Гвантанамера

Историја[уреди]

Марката „Гвантанамера“ била лансирана во Дортмунд, Германија на 14 септември 2002 и се јавува на меѓународниот пазар во октомври истата година. Марката е именувана по песната Гвахира Гвантанамера (Селанка од Гвантанамо) на Хозе Фернандез Дијаз. За разлика од сите други кубански пури, тутунот за оваа марка доаѓа од регионот Вуелта Ариба, во средиштето на Куба, а не од Вуелта Абахо во провинцијата Пинар дел Рио.

Во марката се застапени само машински-изработени пури, и истата е позната по својата достапност во цените. Мешавината е блага со помалку остар/тинински аспект.

Витоли на Гвантанамера[уреди]

Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Гвантанамера со нивните димензии во англиски и метрички мерниединици и нивите vitolas de galera (фабрички имиња).

Машински-изработени витоли

  • Cristal - 5 7/8" x 41 (150 x 16.27 mm) Cristal
  • Compay - 4 7/8 x 40 (123 x 15.87 mm) Standard
  • Décimo - 5 1/4" x 38 (134 x 15.08 mm) Universal
  • Minuto - 4" x 44 (102 x 17.07 mm) Minuto
  • Purito - 4 1/8 x 29 (106 x 11.51 mm) Chico

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]