Коиба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амблемот на Коиба

Коиба (шпан. Cohíba) — марка на висококвалитетни кубански пури што уживаат голема популарност поради својот квалитет и ексклузивност.

Името „Коиба“ доаѓа од таинскиот (староседелски кубански) јазик и значи „тутун“. Коиба првобитно била приватна марка која исклучиво го опслужувала Фидел Кастро и важните личности од кубанската влада и политичари од комунистичката партија. Бидејќи често се давала како дипломатски подарок, марката Коиба станала култна. Јавното продавање на приозводи започнало во 1982 год.

За кубанската „Коиба“ се користи само најдобриот тутун во Куба. Тутунот се бира од најдобрите Vegas Finas de Primera (првокласни полиња со тутун) во зоните Сан Луис и Сан Хуан и Мартинез во регионот Вуелта Абахо, провинција Пинар дел Рио и се ферментира три пати и со тоа тутунот добива блага арома. Првобитно сите пури на Коиба биле изработувани во фабриката „Ел Лагуито“ која била сместена во приспособена хациенда во периферијата на Хавана. Подоцна, производството на некои витоли било проширено и во други фабрики.

Дел од палетата на производи на Коиба

Историјат[уреди]

Коиба започнала со пурите кои ги пушел телохранителот на Кастро по име Бјенвенидо „Чико“ Перез. Кастро забележал дека тој често пушел „многу ароматична, многу фина“ пура. Кога тој го запрашал од каде ги набавува пурите, овој одговорил дека ги добива на подарок од пријател кој сам ги витка.

Тој пријател бил виткач во фабриката Ла Корона во хавана и се викал Едуардо Ривера. Кастро го запослил него и пет други виткачи и ги сместил во дипломатска куќа. Подоцна оваа фабрика станала првата во која работеле само женски torcedoras (виткачи).

Пурите се произведувале само за Кастро и други високи функционери и често се давале како подарок на странски државници. Самоиот Кастро бил приврзаник на долгите, тенки пури кои се виткале за него, посебно на големините кои подоцна се именувани како Лансеро и Корона Еспесијал.

По повод Светското фудбалско првенство во 1982 во Шпанија, Кастро решил да ги пушти во продажба неговите лични пури како ексклузивна марка. Кога била лансирана за прв пат таа година, марката Коиба се состоела од три витоли или големини: Панeтела, Корона Еспесијал и Лансеро. Во 1989 биле додадени три други големини („Робусто“, „Ексквизито“ и „Есплендидо“) и заедно овие три витоли ја сочинувале таканаречената Línea Clásica.

Во 1992, во чест на Кристофер Колумбо и неговите патешествија во Америка, „Хабанос СА“ ги лансирала првите големини на т.н. Línea 1492, со тоа што секоја големина била наречена по секој век кој одминал од откритието на Колумбо. Првично биле лансирани Siglo I, Siglo II, Siglo III, Siglo IV, and Siglo V, а Siglo VI е додадена во 2002.

Вон стандардните производи, Хабанос СА редовно пласира и огранечени изданија по повод настани како годишниот Хабанос Фестивал, јубилеи на марката и нивната годишна Edición Limitada која е посебно издание на разните нивни пури во специјални облици и големини завиткани во темен одлежан тутун.

Коиба исто така произведува два типа на машински изработени цигариља: „Mini“ и „Club“.

Хабанос СА исто така произведува цигари Коиба од 1987 и коњак (Extra Cohiba Cognac) од 1999.

По податок од 2006 Коиба има лансирано разни пури од т.н. Edición Limitada: „Пирамида“ во 2001, „Двојна Корона“ во 2003 и „Сублиме“ 2004.

Витоли во производната линија на Коиба[уреди]

La Línea Clásica

  • Lancero - 192 x 15.08 mm Laguito No. 1, долга панетела
  • Corona Especial - 152 x 15.08 mm Laguito No. 2, панетела
  • Panetela - 115 x 10.32 mm Laguito No. 3, цигариљо
  • Exquisito - 125 x 14.29 mm Seoane, цигариљо
  • Robusto - 124 x 19.84 mm Robusto, робусто или ротшилд
  • Espléndido - 178 x 18.65 mm Julieta, черчил

La Línea 1492

  • Siglo I - 102 x 15.87 mm Perla, тре пети корона
  • Siglo II - 129 x 16.67 mm Mareva, пети корона
  • Siglo III - 155 x 16.67 mm Corona Grande, долга корона
  • Siglo IV - 143 x 18.26 mm Corona Gorda, корона горда
  • Siglo V - 170 x 17.07 mm Dalia, лонсдејл
  • Siglo VI - 150 x 20.64 mm Cañonazo, торо

Edición Limitada Releases

  • Pirámide (2001) - 156 x 20.64 mm Pirámide, ирамида или торпедо
  • Double Corona (2003) - 194 x 19.45 mm Prominente, двојна корона
  • Sublime (2004) - 164 x 21.43 mm Sublime, големо торо

Special Releases

  • Millennium Reserve Pirámide - 156 x 20.64 mm Pirámide, пирамида или торпедо

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]