Кеј д'Орсе (марка на пури)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Логото на Кеј д'Орсе

Кеј д'Орсе (фр. Quai d'Orsay) е марка на висококвалитетни кубански пури (Хабанос СА).

Историја[уреди | уреди извор]

Марката Кеј д'Орсе била создадена од Кубатабако во 1973 за францускиот државен тутунски монопол, СЕИТА и е поблага марка со оглед на тоа што е правена за францускиот вкус. Има неколку разни приказни за тоа што означува името на марката: едни велат дека е именувата според познатата париска авенија, други велат по Министерството за надворешни работи на Франција кое се наоѓа таму, а трети пак велат дека тоа се однесува на седиштето на СЕИТА, кое исто така се наоѓа на таа авенија.

Кеј д'Орсе не е под управа Хабанос СА повеќе години, туку под директна управа на Кубатабако и СЕИТА, но судејќи според пакувањето, документите од Хабанос СА и спојувањето на СЕИТА со Табакалера во мултинационалната фирма Алтадис, Кеј д'Орсе е дел од Хабанос СА како и секоја друга марка на кубански пури.

Друга необична одлика на линијата на Кеј д'Орсе се пурите од форматот „корона“. Сѐ со доцните 1980-ти, Кеј д'Орсе сѐ уште произведувале „Coronas“ со две разни нијанси на омот: Claro и Claro Claro. Како што модата за посветли омоти се изгубила (потрошувачите плаќале повеќе за всушност истата пура, кај која омотот павел занемарливо мала разлика), производството на Coronas Claro Claro престанало. Иако на кутијата пишува Coronas, официјалниот производен назив сѐ уште е Coronas Claro.

Кутија Кеј д'Орсе Gran Coronas

Витоли на Кеј д'Орсе[уреди | уреди извор]

Ова е список на витоли (големини) во рамките на производната линија на Кеј д'Орсе со нивните димензии во англиски и метрички систем, нивните vitolas de galera (фабрички имиња) и нивните разговорни називи според американската терминологија.

Рачно-изработени витоли

  • Imperial - 7" x 47 (178 x 18.65 mm) Julieta, черчил
  • Gran Corona - 6 1/8" x 42 (155 x 16.67 mm) Corona Grande, долга корона
  • Corona Claro - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Panetela - 7" x 33 (178 x 13.10 mm) Ninfa, тенка панетела

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]