Коњак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај


Коњак, наречен по градот Коњак кој се наоѓа во провинцијата Поату-Шаранта, Франција , е вид на бренди произведен во регионот околу градот. Тој мора да биде направен од најмалку 90% на Ugni Blanc, Folle Blanche или Colombard грозје. Може да содржи и видови на Folignan, Jurançon blanc, Meslier St-François, Sémillon. Сепак, повеќето видови на коњак се направени од Ugni Blanc. Тој мора да биде дестилиран двапати и отстоен најмалку две години во француски дрвени бочви кои се запечатени.

Сличен пијалок, но дестилиран на различен начин и произведен во друг регион, е Армањакот, од областа Армањак во Франција. Исто така има и пијалок базиран на јаболка од Долна Нормандија. Има и сливно бренди кое потекнува од областа Сојлек, во Франција. Градот Коњак е само еден од трите официјални брендовски региони во Европа. Другите се францускиот град Армањак и шпанскиот град Херез. Регионот овластен за производство на коњак е поделен на 6 големи региони и ги покрива областите на Шарант-Маретајм , голем дел од Шарант и неколку области во Де-Севр и Дордоња. Дури и внатре во одредените региони доколку произведениот бренд на коњак не ги задоволува строгите критериуми на овластеното тело за коњак BNIC-Bureau National Interprofessionel du Cognac, можно е да не се нарече коњак и да не биде продаван како таков. Даден е примерок за оригинален коњак[1]. Произведениот бренд на коњак каде било во Франција или во било кој друг дел од светот не може легално да се нарече „Коњак“.

  1. Мора да биде произведен во одреден регион од вино произведено од висококвалитетни сортни грозја;
  2. Мора да биде двапати дестилиран во бакарни дестилациони казани;
  3. Мора да биде зреено во француски дрвени бочви кои придонесуваат за неговата боја и неговиот вкус.

Повеќето од производителите на коњак, во градот Коњак и неговата околина дозволуваат посетителите да ги пробаат нивните производи. Поголемите компании имаат организирани тури за да им покажат на своите посетители како се прави коњак.

Процес на производство[уреди]

Коњакот е направен од ’’водите на животот’’ произведен со двојна дестилација од бели вина. Виното е многу суво, не многу соодветно за пиење, но одлично за дестилација, и направено само од висококвалитетни видови на грозје. Дестилацијата зазема место во традиционалните бакарни дестилациони казани[2] чии дименции и дизајн се строго определени. Дестилацијата се одвива со употреба на вакуум или зголемена температура. Како резултат на ова се добива содржина на етанол од 90-96%. Коњакот не смее да биде продаван во јавноста ниту пак наречен коњак пред да биде оставен да старее (зрее) во дрвени француски бочви сметајќи од крајот на последната дестилација. При постигнување на концентрација на алкохол од приближно 51%(103 степени на јачина) дестилатот се разредува со вода. При добивањето на концентрацијата на алкохол можни се варирања кога е спремен за полнење во боци производот по правило се стандардизира до точно определени вредности содржина на етанол, обично до 80 степени на јачина.

Надворешни врски[уреди]