Вегас Робаина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на Вегас Робаина

Вегас Робаина (шпан. Vegas Robaina) е марка на висококвалитетни кубански пури (Хабанос СА).



Историја[уреди]

Податотека:Alejandro robaina.jpg
Дон Алехандро Робаина

Дон Алехандро Робаина е насекаде познат меѓу познавачите на пурите како еден од најдобрите одгледувачи на тутун во славната Вуелта Абахо во Куба. Секоја година 80% од реколтата на Дон Алехандро се проценува соодветна за омоти (споредено со околу 35% кај другите плантажи). Во 1997, Хабанос СА лансирале нова линија на пури во негова чест, со името на неговата позната плантажа. Пурите Вегас Робаина се прават во Хавана, во некогашната фабрика Х. Апман, и набргу станале популарни меѓу познавачите на пурите.

Самиот Дон Алехандро станал славна личност во светот на кубанските пури, со тоа што многу познавачи и туристи во Куба се редат во неговиот имот во областа Сан Луис на регионот Вуелта Абахо за да го запознаат самиот него и да го видат неговиот тутун вегас.

Витоли на Вегас Робаина[уреди]

Кутија Вегас Робаина Famosos

Ова е листа на витоли (големини) во рамките на производната линија на Вегас Робаина со нивните димензи во англиски и метрички мерни единици, нивните vitolas de galera (фабрички имиња) и нивните конвенционални називи во американскиот жаргон за пури.

Рачно-изработени витоли

  • Don Alejandro - 7 5/8" x 49 (194 x 19.45 mm) Prominente, двојна корона
  • Clásico - 6 1/2" x 42 (165 x 16.67 mm) Cervantes, лонсдејл
  • Único - 6 1/8" x 52 (156 x 20.64 mm) Pirámide, пирамида или торпедо
  • Familiar - 5 5/8" x 42 (142 x 16.67 mm) Corona, корона
  • Famoso - 5" x 48 (127 x 19.05 mm) Hermoso No. 4, робусто или ротшилд

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]