ФК Горно Лисиче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
ФК Горно Лисиче
FKGornoLisiche club logo.png
Целосно име Фудбалски клуб Еуромилк Горно Лисиче
Основан 1964; пред 49 години (1964)
Терен Стадион Горно Лисиче
(Капацитет: 1,500)
Претседател Сашко Тодоровски
Менаџер Сашко Тодоровски
Лига Втора македонска лига
2013-14 Прва македонска фудбалска лига, 9ти (отпаднати)
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Team colours
Kit body shouldersonwhite.png
Team colours
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои

Еуромилк Горно Лисиче е фудбалски клуб кој се наоѓа во населбата Горно Лисиче во Скопје. Клубот се натреварува во Втората македонска фудбалска лига.

Историја[уреди]

Интерес кон фудбалот[уреди]

Фудбалот како спорт влечел корени уште од времето на Кралството Југославија (1918 - 1941 година). Се знае дека почетоците на фудбалската игра во селото се врзуваат за некој затвореник (кој пред да биде затворен во Скопскиот затвор активно играл фудбал). Тој во 1940 година ја донел првата фудбалска топка и го организирал првиот натпревар во селото што се одиграл во местото викано Јурија. Многу бргу бил расчистен теренот и подготвен за игра. Од тогаш па сe до денес овој терен е место кадешто се игра фудбал. Првите фудбалери биле Срби и Хрвати, дојдени како колонисти во селото во 1923 година. Клубот се именувал по името на селото, односно се викал „Лисиче”. Под тоа име ја одиграл и првата средба со фудбалскиот клуб „Лебане” од Лесковац (Србија) во есента на 1940 година.

Меѓу првите фудбалери на клубот бил Пајо Гргиќ, Хрват, кој во Горно Лисиче живеел од 1923 година. Во почетокот во клубот немало ниту еден фудбалер од Г. Лисиче. Дури во 1941 година во него почнале да играат и жители од селото. Фудбалерите немале некоја стандардна опрема, туку се играло со минимум опрема, обезбедена и чувана од самите нив. Во фудбалските вештини ги подучувал П. Гргиќ, кој воедно го водел и тимот на повеќето натпревари со клубови од околните села. Се играло со клубови од скопските села. Клубот од Горно Лисиче бил еден од посилните во овој реон на Скопската околија. Треба да потенцираме дека овие натпревари немале натпреварувачки карактер, туку биле рекреативни, за забава и дружење меѓу жителите од соседните села.

Сe поголемата љубов кон фудбалскиот спорт и осетното подобрување на фудбалската игра било прекинато со априлската војна во 1941 година. Во текот на Втората светска војна клубот се распаднал и престанал да постои. По завршувањето на Втората светска војна спортскиот живот во Г. Лисиче заживеал со новоформираниот фудбалски клуб „Ударник”, формиран во 1945 година. Клубот бил аматерски, а ја продолжил традицијата на фудбалскиот клуб кој во Г. Лисиче постоел до април 1941 година. Најголема заслуга за повторното реактивирање на клубот имал Пајо Гргиќ кој во почетокот клубот одигрувал повеќе натпревари со фудбалски екипи од соседните села. Натпреварите немале натпреварувачки карактер, туку повеќе рекреативен и забавен. Во меѓувреме клубот повеќето натпревари ги одигрувал и на новоформираното фудбалско игралиште во „Расадник”. Тука натпреварите се играле до 1957 година и биле поорганизирани, помасовно посетени и со учество на поголем број екипи. Од 1958 година натпреварите продолжиле да се играат на игралиштето во местото „Јурија”.

Основање[уреди]

Сосема нови услови на планот на поорганизираното дејствување во фудбалскиот клуб „Ударник” настануваат во 1962 година. Во летото на оваа година, по иницијатива било одржано едно основачко собрание за формирање на спортско друштво во Г. Лисиче. На ова основачко собрание, во присуство на голем број жители, била донесена одлука да се формира нов фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во тогашниот Скопски потсојуз. Бил формиран нов фудбалски клуб со поголем број нови фудбалери, распоредени во повеќе групи. Се променило и името на клубот од „Ударник” во фудбалски клуб „Братство-единство”. Спонзор на клубот била Земјоделската задруга, зашто според тогашните законски правила за да се формирал фудбалски клуб морало некоја работна организација да го поддржува и гарантира за истиот. Во почетокот Клубот се натпреварувал во Скопскиот фудбалски потсојуз. Првиот натпревар го одиграл со ФК Југ (Мичурин) од скопската населба Мичурин. Натпреварот се одиграл на игралиштето во населбата Автокоманда.

60-ти до 80-ти[уреди]

Во текот на наредните години фудбалскиот клуб во Г. Лисиче постигнувал сe позабележителни резултати. Играта станувала се поквалитетна, додека бројот на играчите од ден на ден се зголемувал, што создавало поголема конкуренција и квалитет. Резултатите биле видливи по неколку години. За релативно брзо време, односно за четири години Клубот од Г. Лисиче го освојува првото место во Скопскиот фудбалски потсојуз, по што се здобил со право да настапува во лига со повисок ранг, односно во Скопскиот фудбалски регион. Квалитетот на играта продолжил и понатаму да биде на високо ниво. Клубот секогаш се наоѓал во горниот дел на табелата.

90-ти[уреди]

Најголемиот успех клубот го постигнал со освојувањето на првото место во лигата во натпреварувачката 1991-1992 година. По оваа година тој започнал да се натпреварува во многу поквалитетната Втора лига. За жал, во оваа фудбалска лига клубот се натпреварувал само една сезона. Причини имало повеќе. Сепак, една од најголемите била немањето на доволно финансиски средства. Од друга страна, на клубот му била нанесена голема неправда од страна на Фудбалскиот сојуз на Македонија, кој на негова штета форсирал друг фудбалски клуб за останување во оваа поквалитетна лига. Тоа било причина Клубот како последен во наредната фудбалска сезона да се натпреварува во подолната лига на Скопскиот регион. Во наредните години клубот доживува повеќе турбуленции, така што едно време, заради лошиот материјален статус, опстанокот му зависел од спонзорства. Извесен период тој настапувал и под името „Техноком”, фирма која привремено со свои финансиски средства го спасила од распаѓање. Но, инвестирањето на оваа фирма во наредните години стагнирало, а потоа и целосно престанало. Тоа било причина клубот да се најде во дотогаш најголемата неизвесност од своето постоење. Само благодарејќи на упорноста на фудбалерите, на раководството на Клубот и сите жители на Г. Лисиче се избегнало најлошото. По напуштањето на спонзорот „Техноком”, клубот си го променил името во ФК Горно Лисиче.

21-ви век[уреди]

Клубот во овој период се натпреварувал во Општинските лиги во Скопје и Третата лига. Во сезоната 2009/10, екипата го освојува првото место во Третата лига, го победува Раштак во плејофот и си обезбедува пласман во Втората Лига. Исто така, главен спонзор на клубот станува фирмата "Еуромилк" со што добива финансиска подршка и поголема стабилност. Исто така, клубот го додава Еуромилк во своето име. По само три изминати сезони, клубот напредува во Првата лига, што е негово деби учество.

Историја на клубското име[уреди]

  • 1964—19??: ФК Братство-Единство
  • 199?—199?: ФК Техноком
  • 199?—2010: ФК Горно Лисиче
  • 2010—...: ФК Еуромилк Горно Лисиче

Надворешни врски[уреди]