ФК Горно Лисиче
Целосно име | Фудбалски клуб Еуромилк Горно Лисиче | ||
---|---|---|---|
Основан | 1962 | ||
Стадион | Стадион Горно Лисиче (Капацитет: 500) | ||
Претседател | Горан Малишиќ | ||
Менаџер | Зоран Смилевски | ||
Лига | ОФЛ Кисела Вода | ||
2023/24 | Трета лига - Север, 3. од 14 места | ||
|
Еуромилк Горно Лисиче — фудбалски клуб кој се наоѓа во населбата Горно Лисиче во Скопје. Клубот се натреварува во Третата фудбалска лига - Север.
Историја
[уреди | уреди извор]Духовни претходници на ФК Горно Лисиче
[уреди | уреди извор]Фудбалот како спорт влечел корени уште од времето на Кралството Југославија (1918 - 1941 година). Се знае дека почетоците на фудбалската игра во тогаш селото се врзуваат за некој затвореник (кој пред да биде затворен во Скопскиот затвор активно играл фудбал). Тој во 1940 година ја донел првата фудбалска топка и го организирал првиот натпревар во селото што се одиграл во местото викано Јурија. Многу бргу бил расчистен теренот и подготвен за игра. Од тогаш па сè до денес овој терен е место каде што се игра фудбал. Првите фудбалери биле Срби и Хрвати, дојдени како колонисти во селото во 1923 година. Клубот бил именувал по името на селото, односно се викал „Лисиче”. Под тоа име ја одиграл и првата средба со фудбалскиот клуб „Лебане” од Лесковац (Србија), во есента на 1940 година.[1]
Меѓу првите фудбалери на клубот бил Пајо Гргиќ, Хрват, кој во Горно Лисиче живеел од 1923 година. Во почетокот во клубот немало ниту еден фудбалер од Горно Лисиче. Дури во 1941 година во него почнале да играат и жители од селото. Фудбалерите немале некоја стандардна опрема, туку се играло со минимум опрема, обезбедена и чувана од самите нив. Во фудбалските вештини ги подучувал Паjo Гргиќ, кој воедно го водел и тимот на повеќето натпревари со клубови од околните села. Се играло со клубови од скопските села. Клубот од Горно Лисиче бил еден од посилните во овој реон на Скопската околија. Треба да потенцираме дека овие натпревари немале натпреварувачки карактер, туку биле рекреативни, за забава и дружење меѓу жителите од соседните села.[2]
се поголемата љубов кон фудбалскиот спорт и забележителното подобрување на фудбалската игра било прекинато со Априлската војна во 1941 година. Во текот на Втората светска војна клубот се распаднал и престанал да постои.[3] По завршувањето на Втората светска војна спортскиот живот во Г. Лисиче заживеал со новоформираниот фудбалски клуб „Ударник”, формиран во 1945 година. Клубот бил аматерски, а ја продолжил традицијата на фудбалскиот клуб кој во Г. Лисиче постоел до април 1941 година. Најголема заслуга за повторното реактивирање на клубот имал Пајо Гргиќ кој во почетокот клубот одигрувал повеќе натпревари со фудбалски екипи од соседните села. Натпреварите немале натпреварувачки карактер, туку повеќе рекреативен и забавен. Во меѓувреме клубот повеќето натпревари ги одигрувал и на новоформираното фудбалско игралиште во местото Расадник (денес населба Расадник). Тука натпреварите се играле до 1957 година и биле поорганизирани, помасовно посетени и со учество на поголем број екипи. Од 1958 година натпреварите продолжиле да се играат на игралиштето во местото „Јурија”.[4]
Основање
[уреди | уреди извор]Сосема нови услови на планот на поорганизираното дејствување во фудбалскиот клуб „Ударник” настануваат во 1962 година. Во летото на оваа година, по иницијатива било одржано едно основачко собрание за формирање на спортско друштво во Г. Лисиче. На ова основачко собрание, во присуство на голем број жители, била донесена одлука да се создаде нов фудбалски клуб кој ќе се натпреварува во тогашниот Скопски потсојуз. Бил формиран нов фудбалски клуб со поголем број нови фудбалери, распоредени во повеќе групи. Било променето и името на клубот од „Ударник” во фудбалски клуб „Братство-Единство”. Спонзор на клубот била Земјоделската задруга „Братство-Единство“ од Горно Лисиче, зашто според тогашните законски правила за да се формирал фудбалски клуб морало некоја работна организација да го поддржува и гарантира за истиот.[5] Во почетокот Клубот се натпреварувал во Скопскиот фудбалски потсојуз. Првиот натпревар го одиграл со ФК Југ од населбата Мичурин. Натпреварот бил одигран на игралиштето во населбата Автокоманда.[6]
60-ти до 80-ти
[уреди | уреди извор]Во текот на наредните години фудбалскиот клуб во Горно Лисиче постигнувал се позабележителни резултати. Играта станувала се поквалитетна, додека бројот на играчите од ден на ден се зголемувал, што создавало поголема конкуренција и квалитет. Резултатите биле видливи по неколку години. За релативно брзо време, односно за четири години, клубот од Г. Лисиче го освоил првото место во Скопскиот фудбалски потсојуз, по што се здобил со право да настапува во лига со повисок ранг, односно во Скопскиот фудбалски регион. Квалитетот на играта продолжил и понатаму да биде на високо ниво. Клубот секогаш се наоѓал во горниот дел на табелата. Тренинзите продолжиле на местото Јурија. Главен спонзор сè уште била задругата Братство Единство.[7]
90-ти
[уреди | уреди извор]Најголемиот успех клубот го постигнал со освојувањето на првото место во лигата во натпреварувачката 1992/93 година. По оваа година тој започнал да се натпреварува во многу поквалитетната Втора лига 1993/94. За жал, во оваа фудбалска лига клубот се натпреварувал само една сезона. Причини имало повеќе. Сепак, една од најголемите била немањето на доволно финансиски средства. Од друга страна, на клубот му била нанесена голема неправда од страна на Фудбалскиот Сојуз на Македонија, кој на негова штета форсирал друг фудбалски клуб за останување во оваа поквалитетна лига. Тоа било причина Клубот како последен во наредната фудбалска сезона да се натпреварува во подолната лига на Скопскиот Регион.[8] Во наредните години клубот доживува повеќе турбуленции, така што едно време, заради лошиот материјален статус, опстанокот му зависел од приватни спонзорства. Извесен период тој настапувал и под името „Техноком”, фирма која привремено со свои финансиски средства го спасила од распаѓање. Но, инвестирањето на оваа фирма во наредните години стагнирало, а потоа и целосно престанало. Тоа било причина клубот да се најде во дотогаш најголемата неизвесност од своето постоење. Само благодарејќи на упорноста на фудбалерите, раководството на клубот и на жителите на Г. Лисиче било избегнато најлошото. По напуштањето на спонзорот „Техноком”, клубот си го променил името во ФК Горно Лисиче.[9]
21 век
[уреди | уреди извор]Клубот во овој период се натпреварувал во Општинските лиги во Скопје[9] и Третата лига. Во сезоната 2009/10, екипата го освоила првото место во Третата лига - група А, победувајќи го Раштак во баражот и си обезбедил пласман во Втората лига. Исто така, главен спонзор на клубот станала фирмата „Еуромилк“ со што добил финансиска поддршка и поголема стабилност. Исто така, клубот ja додал претставката Еуромилк во своето име. За сезоната 2013/14, по само три изминати сезони, клубот напреднал во Првата лига, што било негово деби учество. Екипата настапувала на Стадионот Борис Трајковски бидејќи теренот во Горно Лисиче не ги пополнувал условите за Првата лига. По една измината сезона во Првата лига, клубот отпаднал и со тоа се вратил во Втората лига. Во сезоната 2014/15, екипата завршила на осмото место од вкупно десет учесници и играла бараж за опстанок во Втората лига која го добила против екипата на Зајази. Во сезоната 2015/16 Горно Лисиче завршил на седмото место на табелата. Следната сезона екипата го освоило петтото место во Втората лига. Карактеристично за овие три второлигашки сезони е дека екипата повторно играла вон Горно Лисиче како домашна екипа, најчесто на стадионите Цементарница и Борис Трајковски. Во сезоната 2017/18, екипата се вратила да игра на својот терен во Горно Лисиче, но сепак екипата завршила на седмото место и отпаднала во Третата лига - Север. Сезоната 2018/19, клубот отпаднал и од третиот ранг на фудбал и се спуштил да игра на општинско ниво, односно Општинската фудбалска лига - Кисела Вода.
Историја на клупското име
[уреди | уреди извор]- 1964—19??: ФК Братство-Единство
- 199?—199?: ФК Техноком
- 199?—2010: ФК Горно Лисиче
- 2010—...: ФК Еуромилк Горно Лисиче
Доскорешни сезони
[уреди | уреди извор]Сезона | Лига | Куп | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дивизија | О | П | Н | З | Д.Г. | П.Г. | Бод | Поз | ||
1993–94 | 2. МФЛ Запад | 26 | 7 | 7 | 12 | 23 | 45 | 21 | 14ти ↓ | |
2007–08 | 3. МФЛ Север | 30 | 10 | 6 | 14 | 49 | 67 | 36 | 10-ти | |
2009–10 | 3. МФЛ Север - Група А | 1ви ↑ | ||||||||
2010–11 | 2. МФЛ | 26 | 11 | 2 | 13 | 41 | 49 | 35 | 8ми | 1Р |
2011–12 | 2. МФЛ | 30 | 17 | 5 | 8 | 60 | 30 | 56 | 4ти | 1Р |
2012–13 | 2. МФЛ | 30 | 19 | 7 | 4 | 47 | 16 | 61 | 4ти ↑ | 1/8 |
2013–14 | 1. МФЛ | 33 | 9 | 12 | 12 | 34 | 37 | 39 | 9ти ↓ | 1Р |
2014–15 | 2. МФЛ | 27 | 10 | 5 | 12 | 29 | 36 | 35 | 8ми | 1/4 |
2015–16 | 2. МФЛ | 27 | 9 | 9 | 9 | 26 | 29 | 36 | 7ми | 1Р |
2016–17 | 2. МФЛ | 27 | 10 | 5 | 12 | 29 | 30 | 35 | 5ти | 1Р |
2017–18 | 2. МФЛ | 27 | 10 | 5 | 12 | 32 | 46 | 35 | 7ми ↓ | 1/8 |
2018–19 | 3. МФЛ - Север | 26 | 9 | 0 | 17 | 38 | 66 | 24 | 12ти ↓ | - |
2019–20 | ОФЛ - Кисела Вода[б 1] | 8 | 6 | 0 | 2 | 22 | 11 | 18 | 3ти | |
2020–21 | ОФЛ - Кисела Вода | |||||||||
2021–22 | 3. МФЛ - Север[б 2] | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | ― | |
2022–23 | 3. МФЛ - Север | 29 | 12 | 6 | 11 | 42 | 45 | 42 | 7ми | |
2023–24 | 3. МФЛ - Север | 26 | 3ти |
Легенда
1ви | 2ри | ↑ | ↓ |
Првак | Вицепрвак | Унапреден | Отпаднат |
|
|
|
Стручен штаб
[уреди | уреди извор]Позиција | Име и презиме | Националност |
---|---|---|
Тренер | Зоран Смилевски | Македонија |
Поранешни тренери
[уреди | уреди извор]- Борче Христов[12]
Забелешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Резултатите се по зимската пауза. Пред да почнела втората полусезона, во меѓувреме започнала пандемијата на КОВИД-19 и сезоната не била довршена.[10]
- ↑ Сезоната не започнала поради неусогласеноста меѓу клубовите и организаторите на првенството поради раководењето со пандемијата на КОВИД-19.[11]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Малковски, Ѓорѓи (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 126.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 126-127.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 127.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 128-129.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 129-130.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 130.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 130-131.
- ↑ Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 131-132.
- ↑ 9,0 9,1 Малковски, Ѓорѓи, уред. (2002). Горно Лисиче - Скопско. Скопје: Црковен одбор на Црквата „Св. Апостоли Петар и Павле“ - Горно Лисиче. стр. 132.
- ↑ Филип Здравески (5 јануари 2020). „4.MFL Kisela Voda 2019/20 Standings & Fixtures“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот на 10 ноември 2022. Посетено на 6 мај 2024.
- ↑ „3.MFL North 2021/22 Standings & Fixtures“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот на 27 септември 2022. Посетено на 6 мај 2024.
- ↑ „Борче Христов е нов тренер на Борец“. ekipa.mk. 3 февруари 2021. Архивирано од изворникот на 3 февруари 2024. Посетено на 6 мај 2024.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|